23 Мај, 2025
0.0444

ПРИТВОР ЗА „АДИТИВ“: ОЈО ГОКК ги објави деталите за што се сомничи првата антикорупционерка

Објавено во: Македонија 25 Април, 2025 11:26

Добивај вести на Viber

Мерка притвор во траење од 30 дена за првоосомничениот – вработен во едно од обвинетите правни лица и мерки на претпазливост за две лица - едно службено лице вработено во Подружница ТЕЦ Неготино и за актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, определи Судот, постапувајќи по предлог на Обвинителството во продолжената акција за предметот „Адитив“. 

Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство ГОКК за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против три лица, поврзани со продолжување на акцијата, од обвинителството означена како „Адитив“, по нивно произнесување во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител.

-Односно, против Б.Н. осомничен за кривичните дела: Злосторничко здружување, Злоупотреба на постапка за јавни набавки и Перење пари и други приноси од казниво дело, му определи мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3  од ЗКП додека за Б.П.М. и Т.Д. осомничени за кривичното дело Oддавање службена тајна, го прифати предлогот за определување мерки за претпазливост согласно чл. 146 ст.1 т. 3 и т. 7 од ЗКП, односно Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова и Забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Обвинителство, вчера информираше дека уште три лица се осомничени во случајот Адитив.

-Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка, предметните обвинители донесоа Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица, појаснуваат од Обвинителството.

До денес обезбедените докази, според Обвинителството, укажуваат дека првоосомничениот бил член на групата што имала за цел вршење на кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело. Како вработен во едно од обвинетите правни лица, од месец јули 2022 до октомври 2024, со умисла извршил две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

Второосомничената, во септември 2024 година, како службено лице вработено во Подружница ТЕЦ Неготино АД ЕСМ Скопје на неповикано лице обвинето во предметот Адитив, на друг начин му сторила достапни податоци што во согласност со чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна.

Третоосомничената со умисла извршила две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело искористувајќи ист траен однос, исти прилики и други слични околности.

-Како службено лице, претседател на ДКСК од месец мај до месец декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот Адитив на друг начин му сторила достапни податоци кои согласно чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна. Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот Адитив и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот и неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК, потенцираат од Обвинителството.

Предметот „Адитив“ се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 физичко лице и 5 правни лица.

Според обвинителството, осомничените лица организирале и извршиле пререгистрација на правни субјекти за да изиграат постапките за јавна набавка, со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист.


Можеби ќе ве интересира

„ПОДОБРО ОД КОЈ БИЛО ЗНАЕТЕ ДЕКА ПАТОТ ДО ЧЛЕНСТВОТО НЕ Е ЛЕСЕН“: Калас со јасна порака 'преземете ги потребните чекори'

„ПОДОБРО ОД КОЈ БИЛО ЗНАЕТЕ ДЕКА ПАТОТ ДО ЧЛЕНСТВОТО НЕ Е ЛЕСЕН“: Калас со јасна порака 'преземете ги потребните чекори'

ЕВЕ КОИ СЕ И ОД КАДЕ ЗАБОЛЕНИТЕ ОД МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ: Се чека заседавање на Комисијата за заразни болести

ЕВЕ КОИ СЕ И ОД КАДЕ ЗАБОЛЕНИТЕ ОД МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ: Се чека заседавање на Комисијата за заразни болести

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА ПОРАНЕШНИТЕ ДИРЕКТОРИ НА ОНКОЛОГИЈА - за кривичните дела за кои се товарат следуваат високи казни

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА ПОРАНЕШНИТЕ ДИРЕКТОРИ НА ОНКОЛОГИЈА - за кривичните дела за кои се товарат следуваат високи казни

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: „Не само што не ги забораваме туку и се трудиме да опфатиме што поголем број на државни патишта“

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: „Не само што не ги забораваме туку и се трудиме да опфатиме што поголем број на државни патишта“

„ПРИРОДНО Е ДА САКААТ АЛБАНЦИТЕ ДА ЖИВЕАТ ВО АЛБАНИЈА“: Хајредини за актуелните теми во најновото издание на „Бизнис муабети“

„ПРИРОДНО Е ДА САКААТ АЛБАНЦИТЕ ДА ЖИВЕАТ ВО АЛБАНИЈА“: Хајредини за актуелните теми во најновото издание на „Бизнис муабети“

Недела на турската кујна - вековна традиција и изобилство од вкусови и бои

Недела на турската кујна - вековна традиција и изобилство од вкусови и бои

„НЕ СЛУЧАЈНО, ПРЕМИЕРОТ ГО ДИСЦИПЛИНИРАШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА“: ДУИ тврди дека Мицкоски ги презира Албанците

„НЕ СЛУЧАЈНО, ПРЕМИЕРОТ ГО ДИСЦИПЛИНИРАШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА“: ДУИ тврди дека Мицкоски ги презира Албанците

„ВАЖНО: БОЛЕСТА НЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ЛЕСНО. ПОТРЕБЕН Е БЛИЗОК, ПРОДОЛЖЕН КОНТАКТ!“: Д-р Даниловски со детали, еве како да се заштитите од мајмунски сипаници

„ВАЖНО: БОЛЕСТА НЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ЛЕСНО. ПОТРЕБЕН Е БЛИЗОК, ПРОДОЛЖЕН КОНТАКТ!“: Д-р Даниловски со детали, еве како да се заштитите од мајмунски сипаници

„ПАРТНЕРСТВОТО ПОДДРЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КЛУЧНИ ИНФРАСТРУКТРУНИ ПРОЕКТИ“: Британската амбасада по потпишувањето на договорот

„ПАРТНЕРСТВОТО ПОДДРЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КЛУЧНИ ИНФРАСТРУКТРУНИ ПРОЕКТИ“: Британската амбасада по потпишувањето на договорот