До крајот на април ќе имаме повеќе од 300.000 вакцини: Премиерот Заев кажа од каде сè ќе стигнат
Објавено во: Македонија 08 Април, 2021 12:12
Премиерот Зоран
Заев, на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање соопшти
дека до крајот на април Македонија ќе добие 300.000 вакцини против Ковид-19, и
при тоа соопшти од каде ќе пристигнат најавените дози.
- Очекуваме да стигнат првите количини од оние 651.000 од ЕУ наменети за Западен Балкан, од кои 100.000 се за Македонија, а од нив веројатно 20.000-25.000 треба да пристигнат во наредните денови, следната недела. Односно, официјално објавивме во текот на април, зошто пристигнувањето на вакцините не зависи само од нас, туку зависи и од испорачателот на вакцините. Исто така, очекуваме да стигне првата пратка од Фајзер со кој што имаме договор за 800.000 вакцини, очекуваме да стигне втората пратка од Ковакс механизмот, која е гарантирана за април, очекуваме да стигнат и 200.000 вакцини од Кина, и очекуваме позначителна количина од Спутник, руските вакцини, за кои што исто така имаме договор за 200.000.
Така што, во насока на ваквите најави, очекуваме во текот на април да имаме повеќе од 300.000 вакцини кои ќе бидат во државата. Од пријателска Србија ја очекуваме и втората компонента, односно уште 20.000 вакцини кои треба да стигнат до крајот на април, истакна Заев на денешната прес-конференција.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





