До крајот на неделата ќе се знае дали ќе има рестрикции за одредени општини
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
Се прават анкети на членови на СДСМ, се бараат нивните контакти, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Се прават анкети, анализи, тестови, и вели дека работите не се излезени од контрола.
Одлуки за евентуални рестриктивни мерки би имало до крајот на оваа недела, и тоа за дел од скопските општини и дел од Штип, каде има голем број заразени.
„Во следните неколку дена треба да дискутираме за ова, а при тоа да ги следиме бројките, и сметам дека не треба да носиме избрзани одлуки“; вели Филипче за отворање на границите.
Тој за отворање на границите зборувал со бугарскиот колега, но рече дека не е коректно и за соседите да брзаме.
Заразените се од познати кластери.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.