Добивај вести на Viber
Железничката станица во Скопје до мај ќе биде целосно реконструиран, најавува директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани, при денешниот увид на градежните активности.
„Железничката станица во Скопје, која беше пуштена во употреба пред 33 години, во тоа време претставуваше најмодерен сообраќаен центар не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот. Станицата низ која дневно поминуваа по 70 воза и околу 7.000 патници со својот специфичен изглед и градба претставуваше врв на архитектурата за тоа време. Од тогаш немало ниту еден поголем инвестициски зафат, а сегашните активности ќе придонесат за враќање на нејзиниот сјај“, вели Асани.
Проектот за реновирањето го изготви германската фирма „Гронтмеј“, а реализацијата ќе чини 2,9 милиони евра, обезбедени од ЕУ преку ИПА фондовите.
Со проектот е предвидена изградба на два нови лифта за качување на патниците на пероните, нов лифт платформа за лица со инвалидитет и за патници со поголем багаж, подигнување на нивото на постоечките перони за 55 сантиметри, односно на ниво на платформата на вагонот. Ќе има нов информациски систем и систем за разглас, електронски систем за влез во станицата, приспособување на паркинг просторот, подобрување на осветлувањето и климатизација.