19 Декември, 2025
0.0422

ДО МАЈ СЕ ВРАЌАМЕ ВО НОРМАЛНИОТ ЖИВОТ, ЌЕ НЕМА ПОТРЕБА НИТУ ОД ВАКЦИНИ: Имунологот Попадиќ објасни зошто

Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2022 10:33

Добивај вести на Viber

Корона вирусот ќе премине од пандемски во ендемски, поради што ќе можеме да се вратиме во нормален живот, а дополнителна вакцинација против Ковид нема да биде потребна, смета имунологот Душан Попадиќ.

Проф. Д-р Душан Попадиќ, специјалист имунолог, член на националното тело за имунизација и продекан на Медицинскиот факултет во Белград, рече дека е можно наскоро да нема потреба од дополнителни вакцини против корона вирусот, па дури и „сезонски“ како што предвидуваат некои експерти. Во интервју за „Курир“ вели дека најверојатно ќе се вратиме во нормалниот живот пред почетокот на мај.

„Убеден сум дека од средината на февруари ќе имаме драматично помали бројки и дека ќе се вратиме во нормален живот на пролет, веројатно пред мај. Појавата на омикрон може да биде почеток на крајот на пандемијата, што значи дека нема да има потреба од дополнителни вакцини „дури и сезонски, бидејќи Ковид 19 го немаше сезонскиот карактер на, како што е тоа случај со, вирусот на грип, изјави познатиот српски имунолог.

„Верувам дека ризикот од инфекција со текот на времето ќе биде неспоредливо помал од сега и се надевам дека ќе го достигнеме ендемскиот статус на короната. Омикрон кај голем број заразени не дава клиничка слика иако во опкружувањето има премногу вирусни честички кои го заобиколуваат имунитетот дури и по прележана болест. Придобивките од вакцината се јасни и вирусот претрпе критична количина на мутации кои ја намалија неговата вирулентност, односно способноста да му наштети на телото. Технички е можно да се направи супер вакцина, поливалентна како што постои против други инфекции. Апсолутно е возможно да се направи таква поливалентна вакцина против ковид која би ги опфатила постоечките варијанти. И не би морала да биде сезонска, бидејќи ковидот не е сезонско заболување. Но сметам дека ниту сезонски нема да треба да се дава вакцина, зошто се надевам дека нема да бидеме повеќе во пандемија, а кога немаме пандемија, можноста за ширење на вирусот се многу мали, вели имунологот Попадиќ.

ФОТО: Printscreen Youtube/B92

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен