19 Декември, 2025
0.3333

До УЈП се поднесуваат барањата за отпис на камати од социјалните придонеси

Објавено во: Економија 08 Април, 2013 13:10

Добивај вести на Viber

Барање за отпис на камати од заостанатите обврски по основ за придонеси од задолжително социјално осигурување направени од 2009 до 2012 година може да поднесе секој обврзник кој е опфатен со концептот „Буто плата“ и ги има платено придонесите заклучно со 31 декември 2008 година, информира Управата за јавни приходи. Барањето се поднесува до УЈП.

Подносителот на барањето има право на отпис на каматите за придонесите во износ од 100 проценти камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски и отпис во износ од 75 отсто камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски. Педесет проценти отпис на камата ќе може да побара ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

„Барање за отпис на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување“  може да се преземе од веб страницата на УЈП и се поднесува до даночната канцеларија, според седиштето и живеалиштето на даночниот обврзни најдоцна до 31 декември 2013 година.

Во прилог кон барањето, обврзникот задолжително треба да достави и доказ од Фондот за пензиско инвалидско осигурување на Македонија (ФПИОМ) за платен придонес од задолжително пензиско осигурување заклучно со 31.12.2008 година.

Условите, начинот и постапката за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година, се уредени со новиот Закон за отпишување камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра