ДОАЃААТ ИНВЕСТИТОРИ ОД ДУБАИ: Николоски вели, сопственикот на Бурџ Калифа бил во Скопје
Објавено во: Економија 30 Јули, 2025 11:20
Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски потврди дека сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол бил во Скопје, Попова Шапка и Охрид за да ги разгледа можностите за инвестиции.
Како што рече денеска Николски, по посетата на владиниот тим на Обединетите Арапски Емирати на средината на април годинава од таму веќе доаѓаат инвеститори во Македонија и има доста можности и простор за соработка.
- Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид. Мислам дека треба да се отвориме кон овој свет, има доста можности и простор за соработка, рече Николоски во гостување во емисијата „Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5.
На средбата на Николоски со претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, како што објави тој претходно, биле отворени теми и можности за силна соработка во повеќе сектори, транспортот и инфраструктурата, туризмот, земјоделството и енергетиката. Тој тогаш соопшти и дека договараат летови со Ер Арабија.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




