16 Јануари, 2025
0.0287

Добар бизнис план и визија гаранција за успешно претприемништвото

Објавено во: Економија 16 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Нема разлика меѓу маж и жена кога станува збор за претприемништвото. Постои само јасна визија, добар бизнис-план, упорност и професионалност. Тоа гарантира успех и со сигурност дава резултат.

Ова е пораката од денешната конференција „Бидете жена бизнис-лидер - секогаш чекор пред другите и издвојте се со храбри претприемнички вештини и потфати“ што се одржува во Стопанската комора по повод 16 Април - Денот на девојките.

Како што беше речено, во Македонија нема многу жени претприемачи, но и оние малку оставиле печат во стопанството пред се преку иновативни проекти.

- Се помалку се и жените на управувачка функција, но како превентивна мерка, секоја компанија што има криза во менаџирањето треба да постави жена на раководна функција, изјави Снежана Јовановска Трајковска, сопственичка на туристичката агенција „Орфеј“.

Според неа, жените ја водат фирмата како што го одржуваат домаќинството, економично и одговорно, зашто и тоа е вид менаџмент.

- Во време на криза жените носат полни одлуки и спроведуваат подобри методи, рече Јовановска Трајковска и додаде дека не преземаат големи ризици и имаат повеќе идеи.

Учесничките на конференцијата, главно студентски по бизнис лидерство, имаа можност да слушнат и за тезата дека припадничките на различни етнички заедници, урбана или рурална средина, веќе ги кршат стереотипите за дискриминација од кој било вид, вклучувајќи го и претприемништвото.

- Ако некоја жена има претприемачки дух, независно од каде потекнува и од каде доаѓа, дали живее во село или во град, припаѓа на една или друга заедница, може да успее, посочи Гзиме Фејзи, сопственик на „Чезарина“ од Гостивар.

Кога го почнувала бизнисот, Фејзи, како што рече, не била често сфаќана сериозно од деловните партнери, тие повеќе очекувале нејзиниот сопруг да приговара со нив. Сега, како што рече, е сосема поинаку.

- Не сум видела предности, ниту проблеми откако го водам бизнисот. Ако си професионален, упорен и скромен, сигурно ќе успееше, напомена Ирена Јакимовска, сопственик на „Комфи - Ангел“ од Прилеп.

На конференцијата како значајни за претприемништвото беа нагласени и уметноста на зборувањето, како и мултикултурните манири што се особено битни за успех на меѓународната сцена.

Можеби ќе ве интересира

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

Скопска топилница по 13 години повторно започнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно започнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

СЈАЈОТ И БЕДАТА НА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Дали беше поскапа или поевтина празничната трпеза

СЈАЈОТ И БЕДАТА НА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Дали беше поскапа или поевтина празничната трпеза

Зошто Украинците посегнаа по гасоводот „Турски ток“ и дали е ова „катиљ ферман“ за Ердоган?

Зошто Украинците посегнаа по гасоводот „Турски ток“ и дали е ова „катиљ ферман“ за Ердоган?

ХРВАТИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ БЕЗ ИСКУСТВО: Плата до 2.500 евра, обезбедена храна и сместување

ХРВАТИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ БЕЗ ИСКУСТВО: Плата до 2.500 евра, обезбедена храна и сместување

ГРЦИЈА ДЕФИНИТИВНО ПОСКАПУВА: Поевтин ли е одморот во друга земја од регионот?

ГРЦИЈА ДЕФИНИТИВНО ПОСКАПУВА: Поевтин ли е одморот во друга земја од регионот?

ЕВРОПА ЖИВЕЕ НА КРЕДИТ: Франција никогаш не била позадолжена

ЕВРОПА ЖИВЕЕ НА КРЕДИТ: Франција никогаш не била позадолжена