Добар работник во Словачка може да заработи 700 евра, но можни ли се измами?
Објавено во: Финансии 27 Март, 2018 06:15
Вреден македонски работник во Словачка може месечно да заработи од 600 до 700 евра, вели скопјанецот Стојан Т. кој работел изминатиов период во помал град во западниот дел на земјата.
Тој раскажува дека во огласник пронашол оглас за работа во Словачка, по што заминал да работи во фабрика за автомобилски делови. Вели дека во Словачка им недостигаат работници, затоа што младите се иселени во Германија или некоја друга европска држава за повисоки плати, а нивното старо население не може да ги задоволи потребите на пазарот на трудот.
„Тој што е вреден и снаодлив, ќе заработи и ќе заштеди. Парите едноставно не ги даваат за џабе. Таму се знае кога е пауза, и не можат работниците да забошотуваат или да се шетаат. Не се оди низ фабриката, туку сè е на трчање. Газдите ни беа Корејци и од работниците кои пристигнаа имаа шанса да бираат, но бараа луѓе кои се одговорни, вредни, посветени, чесни, способни за работа“- вели скопјанецот.
Овој човек генерално е задоволен, но вели дека не е сè така сјајно. Тој додава дека оние кои имаат план да заминат на работа во Словачка, мора многу да внимаваат да не бидат жртви на измама. Како пример наведува дека кога тргнале од Скопје, во автобусот имало 59 патници, но откако стигнале дел сами се откажале, а дел биле вратени, или пак се јавил проблем со тоа што за еден час работа им се ветувале по 5-6 евра, а потоа испаднало дека сумата која ќе им биде исплатена е помала. На луѓето им советува да не наседуваат, а додава и дека имало и српски работници од Војводина кои биле измамени и оставени на цедило.
„Има посредници кои знаат да си ја „продадат“ својата приказна, ќе им платат луѓето за превоз до Словачка, тие ќе си ги стават парите в џеб, а потоа таму ве пречекува друг нивни пријател за работа и понатаму со него се договарате. Сепак, мора да се поведе сметка, затоа што има луѓе кои сакаат да работат, сериозни се, ги даваат последните пари за да заминат, а потоа да бидат измамени не е во ред“- додава скопјанецот.
Тој смета дека луѓето кои манипулираат со работниците нудејќи им работа во странство, треба да бидат санкционирани, затоа што познава и луѓе кои биле измамени.
И во регионот, во Србија и Црна Гора веќе втора година се регрутираат работници за во Словачка за што на интернет има многу огласи.
Сања Атанасовска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





