ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Драги Рашковски заминува во Шутка
Објавено во: Македонија 21 Април, 2021
30 дена притвор му се одредени на екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кој претходно доби куќен притвор, а обвинителството тогаш најави жалба.
Рашовски заминува во притвор во Шутка. Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифати денеска жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судијата на претходна постапка кој му определи куќен притвор. 30-дневен притвор доби и на управителот на фирмата Инвока, за случајот со спорната набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци.
Обвинителството истрагата ја отвори во четвртокот, а во петокот Рашковски и Даниел Станчев беа изведени пред судија на претходна постапка.
Во истрагата се осомничени уште две лица, меѓу кои е и хонорарец во Владата, на чија фирма се води џипот за кој објавивме дека го води Рашковски. Хонорарецот Игор Христов и уште другото осомничено лице, пак, добија мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат во судот, одземање на пасошите и други патни исправи и забрана за издавање на нови, како и забрана за преземање работни обврски поврзани со кривичното дело.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.