18 Декември, 2025
0.1744

Добиточното производство во слободен пад, без сет мерки нема домашно производство на месо

Објавено во: Економија, Агробизнис 28 Јули, 2022 07:14

Добивај вести на Viber

Иселувањето, односно напуштањето на руралните средини, ниските откупни цени на производите добиени од фарма, зголемените трошоци и други причини придонесуваат за континуиран пад на бројот на говеда во земјава, а со тоа и на намалување на произведеното месо во нашата земја.

Податоците покажуваат намалување кај бројот на стока низ годините, а истото е забележано и минатата година. Согласно бројките кои ги објави Државниот завод за статистика, намалување кај бројноста на стоката има кај сите видови добиток, како и кај производството на месо, освен кај свинското месо.

-  Во 2021 година, бројот на сите видови добиток бележи опаѓање и во однос на 2011 и во однос на 2016 година. Производството на свинско месо и живинско месо е во пораст во 2021 година, споредено со претходните години, додека производството на овчо месо е во опаѓање – пишува во анализата на ДЗС.

Упатените посочуваат дека причините за континуираниот пад на сточниот фонд во земјава се многубројни, но за да биде проблемот уште поголем, додаваат дека истиот не може да се надмине без сеопфатен сет на мерки, и не очекуваат скорешно стабилизирање на состојбите.

-  Намалувањето на сточниот фонд е комплексен проблем, многу аспекти придонесуваат за негово намалување. Да ја земеме само цената на млекото како пример. Цените во продавниците се многу повисоки отколку откупните цени по кои се набавува млекото од фармерите, кои со години се исти, ниски, недоволни за покривање на нивните трошоци. Дополнително влезните трошоци во фармите постојано растат, но цените на нивните продукти не ги следат тие поскапувања. Иселувањето или напуштањето на руралните средини исто така има удел во намалувањето на сточниот фонд, нема кој да се грижи за живината во селата. Едноставно многу комплексен проблем, кој не може да се реши со една две мерки, туку потребни се систематски решенија за овој проблем – вели професорот од Факултлетот за земјоделски науки и храна, Драги Димитриевски.

Професорот Димитриевски за Фактор потенцира дека при тешки години како што е оваа, кога трошоците за фармите растат, но не и нивните цени, се случува брзо намалување на сточниот фонд, но неговото опоравување е многу споро.

-  Кога влезните цени во земјоделството се високи, а цените на продуктите не го следат растот, како што имаме турбуленции овој период, не можеме да очекуваме стабилизирање или зголемување на сточниот фонд. Не очекувам скорешно стабилизирање на состојбите со одгледувањето стока во земјава – потенцира Димитриевски.

Професорот укажува дека единствена светла точка во домашното сточарство е одгледувањето на свињи, каде има подобри бројки, поголем сточен фонд, и каде има доволно домашно производство на месо.

-  Свињарството како сектро е многу поразличен. Свињите се крупен капитал, нивното одгледување е индустриско производство кое е вече омасовено. Додека говедарството, овчарствоот и живината се трудоинтензивни сектори каде со намалувањето на луѓето во руралните средини се намалува и бројот на добиток. Свињите можат успешно да се одгледуваат во затворен простор, и да има раст на бројноста, но кај другите сектори тоа е е е така. Кај свињарството имаме најдобри перформанси, во овој сегмент имаме и доволно производство на месо за покривање на домашните потреби од свинско месо. Но, како што реков, проблемот со сточнот фонд е комплексен и потребни се сеопфатни мерки за негово надминување – заклучува Димитриевски.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа