11 Ноември, 2025
0.0580

ДОБИВАЛ ЗАКАНИ: Кривична пријава за поттикнување на пораките за екссопругата на Шаини

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2025 11:32

Добивај вести на Viber

До кумановското обвинителство е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста на докторот Зеќирја Шаини - носител на советничката листа на ДУИ во Липково, кон кого беше пукано во Куманово.

„До Основното јавно обвинителство Куманово денеска е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешна сопруга на оштетениот. Пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето се уште се проверуваат. Надлежен јавен обвинител постапува по пријавите и презема дејствија“, соопшти Обвинителството.

Шаини пак, изјави дека се чувствува загрозен оти лицето кое испука четири куршуми кон него не е фатено.

„Се чувствувам загрозен сè додека не се пронајде лицето кое го направи делото, бидејќи немаме ништо конкретно што тоа лице би можело да има против мене. Не бегам од одговорност, тоа што се случи – се случи, но не планирам да престанам да работам. Немам долг кон никого, но не сакам да навлегувам во таа многу чувствителна тема, која многу ја вознемири мојата фамилија“, рече тој.

„СЕ ЧУВСТВУВАМ ЗАГРОЗЕН, СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ НАЈДЕ ЛИЦЕТО ШТО ГО НАПРАВИ ДЕЛОТО“: Се огласи д-р Шаини по излегувањето од болница

Можеби ќе ве интересира

ОТКАКО ЛОВЕЛЕ НА ДИВО: Уапсени 12 ловџии по убиство од небрежност

ОТКАКО ЛОВЕЛЕ НА ДИВО: Уапсени 12 ловџии по убиство од небрежност

ИЗВЕШТАИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ТЕХНИЧКА СЛИКА, ПРЕТСТАВА, БИДЕЈЌИ ТИЕ ДИЈАГНОСТИЦИРААТ: Силјановска Давкова за извештајот на ЕК

ИЗВЕШТАИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ТЕХНИЧКА СЛИКА, ПРЕТСТАВА, БИДЕЈЌИ ТИЕ ДИЈАГНОСТИЦИРААТ: Силјановска Давкова за извештајот на ЕК

СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО ПУЛС ЌЕ ГО ЗАСТАПУВААТ 15 ОБВИНИТЕЛИ: се вклучува и дополнителна екипа за да нема одложување на постапката

СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО ПУЛС ЌЕ ГО ЗАСТАПУВААТ 15 ОБВИНИТЕЛИ: се вклучува и дополнителна екипа за да нема одложување на постапката

ФЕТАИ 35 ГОДИНИ ЖИВЕЕЛ НАДВОР, ЗАТОА НЕ ЗНАЕ МАКЕДОНСКИ: Рече дека почнал да го изучува

ФЕТАИ 35 ГОДИНИ ЖИВЕЕЛ НАДВОР, ЗАТОА НЕ ЗНАЕ МАКЕДОНСКИ: Рече дека почнал да го изучува

„ДЕМЕК Е НОРМАЛНО...“Состојбата во опозицијата не може и не смее да биде алиби за неодговорноста на власта, и порача Макрадули на власта

„ДЕМЕК Е НОРМАЛНО...“Состојбата во опозицијата не може и не смее да биде алиби за неодговорноста на власта, и порача Макрадули на власта

Центарот за социјални работи згрижи шестмесечно бебе, мајката го запуштила и го тепала

Центарот за социјални работи згрижи шестмесечно бебе, мајката го запуштила и го тепала

„АКО ЕДНА ИЛИ ДВЕ КОМПАНИИ СИ ЗАМИНУВААТ ОД ДРЖАВАТА, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ДРУГИ КОМПАНИИ НЕМА ДА СЕ РАЗВИВААТ“: Мизо за заминувањето на две странски компании од земјава

„АКО ЕДНА ИЛИ ДВЕ КОМПАНИИ СИ ЗАМИНУВААТ ОД ДРЖАВАТА, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ДРУГИ КОМПАНИИ НЕМА ДА СЕ РАЗВИВААТ“: Мизо за заминувањето на две странски компании од земјава

22-годишен неготинчанец со bmw од Луксембург превезувал емигранти од Кина

22-годишен неготинчанец со bmw од Луксембург превезувал емигранти од Кина

„КОЛКУ ПОБЛИСКУ ДО ПРАВДАТА, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ АРСОВСКА ЌЕ Е БУЧНА И НЕРВОЗНА“: ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата на екс градоначалничката на Скопје

„КОЛКУ ПОБЛИСКУ ДО ПРАВДАТА, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ АРСОВСКА ЌЕ Е БУЧНА И НЕРВОЗНА“: ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата на екс градоначалничката на Скопје