28 Септември, 2024
0.1773

Добра можност ли се новите пазари?

Објавено во: Анализа 22 Април, 2014

Добивај вести на Viber

По месеците на силен одлив на капитал, на пазарите во развој не треба да се гледа со рамнодушност, бидејќи нудат солидна основа, тврдат аналитичарите. "Пазарите навистина доживеаја многу, можеби малку неправедно како во поголемиот дел од минатата година, така и оваа", вели Џули Диксон, менаџер во Ashmore Investment Management. "Тие навистина нудат фантастични можности", додаде. Пазарите беа подложени на масовни распродажби оваа година. Остриот пад на аргентинското песо, турската лира, јужноафриканскиот ранд и бразилскиот реал во голема мера беше поради турбуленциите по одлуката на Федералните резерви да започне купувања на средства. Според податоци на Jefferies средствата од пазарите во текот на најтешките 13 недели се во износ од вкупно 18,76 милијарди долари. "Овие пазари и нивните централни банки имаат многу моќ да се справат со проблемите кога е потребно. Мислам дека ризиците се преценети и преувеличени", рече уште Диксон за CNBC. Според неа повеќето пазари се опоравиле од септември минатата година по интензивирање на напорите за справување со валутните дисбаланси и фискалните прашања. Таа не е единствениот експерт кој не е особено загрижен за изгледите пред пазарите во развој. Според Келвин Tay од UBS Wealth Management новата политика на ФЕД нема да влијае на компаниите во Азија и Латинска Америка. "Ако каматните стапки се зголемуваат непречено, ако приносот на 10-годишните американски благајнички записи се зголемува непречено, тогаш јас не гледам ризик за системите, тука или во Латинска Америка. Но ако стапките се зголемуваат многу нагло, тогаш може да имаме проблем" , истакна експертот. Со ова аналитичиарите ја смируваат топката, сметајки дека флуидниот пораст на каматните стапки нема да влијае на развојот на светот. К.К.