ПАЦЕНТИТЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА СЕ СТАБИЛНИ: Д-р. Чибишев за хоспитализираните од Кочани (ОБНОВЕНО)

Објавено во: Македонија 21 Март, 2025 12:32
Сите седум пациенти кои се згрижени на Клиниката за токсикологија се стабилни и без клинички манифестации. Ова го посочи денеска директорот на Унивезитетската клиника за токсикологија Андон Чибишев, кој истакна дека по трагичнот настан во Кочани на оваа клиника биле примени 20 пациенти, но поради сериозноста на стостојбата 13 пациенти биле префрлени на КАРИЛ или во странство.
- Изминативе денови имаше голем интерес за пациентите, особено за оние кои вдишувале додека горел објектот во Кочани.
Од почетокот имавме 20 пациенти, од кои 13 поради потреба од механичка вентилација беа префрлени на КАРИЛ, а подоцна и на клиниките надвор од државата.
Генерално прво ќе посочам дека сите пациенти кои пројдоа од кај нас, и тие што отидоа на КАРИЛ и во странство се добро.
Кај нас во моментот имаме 7 пациенти кои имаат инхалирано голема количина отровни гасови бидејќи биле внатре додека горела дискотеката.
Немаат механички или термични поврди, туку се со повреди поради вдишување на отровни гасови. Добра вест е што денес сите се стабилни, без клинички манифестации.
Меѓутоа ние не сме задоволни до крај од лабораториските, токсколошките наоди и од наодот на метаболната состојба на пациентите. Тие ќе бидат задржани до понеделник. Дотогаш ќе бидат собрани сите наоди од иследувањата што ги правевме во претходните денови и ќе донесеме заклучок што понатму. Секако дека и откога ќе ги испишеме тие пацинети ќе останат извесен период под наша контрола, затоа што труењето со отровни гасови може да дадат доцни компликации - објасни Чибишев.
Најмладиот пациент кај нив е на возраст од 19 години, а највозрасниот има 38 години. Сите пациенти што се хоспитализирани во медицинските установи во државата се следат конзилијарно од доктори од Клиниката за токсикологија. Се очекува еден пациент кој во моментов е згрижен на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ да биде префрлен на Токсикологија, со што бројката на хоспитализирани на Клиниката за токсикологија ќе изнесува осум.
На прашањето дали овие пациенти кои инхалирале отровни гасови при пожарот во дискотеката може да имаат трајни пследици, директорот на клиниката појасни дека при пожарот горела пластика, текстил, сунѓер при што биле ослободени повеќе видови штетни гасови меѓу кои јаглероден моноксид, јаглероден диоксид и цијанводород кои може да предизвикаат сериозни нарушувања на здравјето практично на целиот организам.
- Многу е битно колалава концентрација имало во моментот кога индивидуата престојува во загадената стредина и колку временски е долга изложеноста на тие гасови. Ние отприлика знаеме колку верме биле изложени нашите пациненти, но не ја знаеме концентрацијата. Досега сите иследувања што ги направивме кои иницијално се прават по протокол во вакви ситуации се или негативни или задоволителни. Мештутоа лабораториските и токсиколошките анализи кои што ги добиваме секојдневно, се уште не се во рамките на рефернтни вредности. Како терцијарна институција, ние не смееме да си дозволиме со нерефернтни вредности да ги пуштиме дома. Ќе ги задржиме до понеделник и потоа имаме направено план да ги контролираме подолг временски период, наведе Чибишев.
Тој потенцира дека вакви токсиколошки и биолошки анализи се направени веднаш кај сите пациенти пред приемот, за да се добијат што побрзо сознанија за колкав степен на труење станува збор.
- На сите веднаш се земени, бидете убедени во тоа. По протокол материјал за токсиколошки и за биолошки анализи се зема веднаш практично пред приемот пред да се хоспитачлизира или опсервира пациентот, оти не знаеме како понатаму ќе се одвива состојбата... Овие резултатите покажуваат дека сите биле изложени на зголемена концентрација на јаглероден моноксид. Значи кај сите имаме детектирана покачена концентрација и на карбоксихемоглобин. Тоа е еден спој од хемоглобинот и јаглеродниот моноксид кој се создава кога се внесува голема концентрација на јаглероден моноксид и бидејќи има 270 пати поголем афинитет кон хемоглобинот од кислородот, го зазема неговото место, а бидејќи хемоглобониот е физиолошки пренесувач на кислородот, настанува блокада на дишењето, односно на размена на гасови и настанува тежок недостиг на кислород во сите ткива на организмот, и последиците што настануваат се поради тоа, вели Чибишев.
Според него, среќа е што повредените брзо се донесени, и многу брзо, стручно и енергично е реагирано.
- Сите бевме вклучени практично целата клиника веднаш се посветивме на пацинентите и јас сум среќен што досега немаме загуба на човечки живот ни посериозни компликации заради таа хипоксија што настанува што може да биде трагична кога го зафаќа мозокот - потенцира директорот на Токсикологија.
Во однос на пациентот кој треба да биде префлен кај нив денеска од старата градска болница, тој кажа дека според неговите сознанија пациентот имал тегоби кои укажуваат на тоа дека има вдишано поголема концентрација на отровни гасови, а сите други повреди - термички и механички се санирани. Во договор со колегите од Хируршката болница, утврдено е дека нема потреба таму да лежи, а ќе биде задржан на Токсикологија уште неколку дена заради дополнителни анализи и натамошно следење.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИАМожеби ќе ве интересира
„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки
