ДОБРИ ВЕСТИ ОД КИНА - над 62 илјади Кинези го победија коронавирусот
Објавено во: Свет 12 Март, 2020
По вчерашниот благ скок, бројот на заразени и починати од вирусот во Кина денеска продолжи да опаѓа, пренесе Макфакс.
Во претходниот ден во оваа земја забележани се нови 15 случаи на заразата, а 11 починале. Од болница досега излегле 62.887 луѓе ширум Кина. Животот почна да се враќа во нормала и во најтешко погодениот град Вухан.
Хотелот „Синџија“ во источниот кинески град Ѓунџоу, кој беше во карантин поради коронавирусот, требаше да биде безбеден покрив за 72 луѓе. Но, зградата се урна во саботата усмртувајќи најмалку 20 луѓе. Кога исчезнаа сите надежи дека има уште преживеани, спасувачите по речиси 70 часа слушнале човек кој бара помош под урнатините. Извлечен е жив и сместен во болница.
Вести за преживеани последниот месец доаѓаат од Кина се почесто отколку било кога, 62.000 луѓе во оваа земја го победија коронавирусот. Во Вухан затворени се сите 16 привремени болници за лекување на заразени од новиот вирус. Стадионот Вучанг Хонгшан во Вухан на 5 февруари беше претворен во болница за речиси 800 кревети и прими над 1.100 пациенти.
„Се опоравивме благодарение на внимателната грижа на персоналот. Сакам да ги повикам медицинските работници да дојдат во Вухан повторно како наши драги гости, без маски и заштитни одела, да се облечат во што се чувствуваат убаво“ рекол излекуван пациент, Вен Чангпинг.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.