19 Јануари, 2025
0.0282

Додека СДСМ и Министерството се караат, патот Кочани-Делчево опасен по живот

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Не престануваат препукувањата на опозицијата и Министерството за транспорт.

СДСМ денеска од терен на патот Кочани-Делчево ја обвини власта за неисполнети ветувања.

„Проблематичната делница Кочани – Македонска Каменица со должина од 14км не е ниту почната а до август 2016 требаше да биде целосно реконструирана, вели Благој Бочварски од СДСМ.

Тој приложи документи со кои тврди дека на  30 август оваа година, “Македонија Пат“ од Министерството за финансии, бара нафтени деривати без надомест. (400.000 литри Еуродизел БС гориво и 400.000 литри Екстра лесно гориво). Барањето било одбиено под образложение дека ќе предизвика импликации врз Буџетот на Р.М. 

Бочварски потенцира дека „недостатокот на гориво е можеби само една причина зошто патиштата се во ваква состојба и зошто не се одржуваат“.

Надлежното Министерство се вади на обвинувањата со образложение дека извесен период се работи на санација на свлечиштето

„Министерството за транспорт и врски преку Јавното претпријатие за државни патишта веќе извесен период работат на санација на свлечиштето и реконструкција на регионалниот пат од Кочани до Делчево. Иако овој проект не беше предвиден во Програмата на Министерството за транспорт и врски, по барање на граѓаните од овој регион во месец мај годинава се започна со реконструкција на овој регионален пат во должина од 30 километри за што се одвоени вкупно шест милиони евра“, потенцираат во реакцијата на Министерството.

И додека вината си наоѓа изговори, граѓаните патуваат во страв

Карпата која падна на меѓународниот пат за Бугарија во поплавите во февруари, се уште се заканува и демне врз главите на патниците кои транзитираат за крајниот исток од државава или за Бугарија.

„Toa e најголемата опасност на овој пат, не знаеш што ќе падне додека возиш“, реагираат возачи. 

Велат дека овој пат со децении е ризик за нивните животи и досега безброј пати алармирале да се преземат безбедносни мерки за патот кој изгледа како од хорор филм.

Ова е втор голем одрон на делницата од Истибања кон М. Каменица, од лани од февруари стојат и одроните кои го направија меѓународниот пат еднонасочен.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем