ДОДЕКА СЕ ЛЕЧЕЛА ОД РАК КОЛЕГИТЕ ЈА „КЛЕВЕТЕЛЕ“, БИЛЕ ЗГРОЗЕНИ И ОД ТОА ШТО ОСТАНАЛА БЕЗ КОСА: Ова е сторија за Хрватка болна од канцер на дојка
Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2024
Мајка на две
деца, храбра, паметна, горда, убава, чудо од жена, ова се зборовите со кои
пријателите ја опишуваат Аница Гусак Крајновиќ на која пред шест месеци и бил
дијагностициран рак на дојка. Зад неа се веќе операцијата, хемотерапијата и
зрачењето, но и горчливиот вкус поради поплаките што нејзините колеги ги испраќале
до ХЗЗО.
Аница не се замара премногу за тоа и е фокусирана на закрепнувањето, но нејзините пријатели не останаа рамнодушни на мобингот и дискриминацијата што ја трпеше бидејќи боледува од рак. Според нејзините колеги, освен што „планирала“ да се разболи од рак, се дрзнала дури да оди на боледување за - хемотерапија.
Ваков мејл испратиле до Хрватскиот завод за здравствено осигурување, поради што нејзиниот лекар морал да испрати дополнителна документација дека Аница е навистина болна и дека има уредно боледување. Кога се вратила на работа без коса, тоа веројатно било доволен доказ дека има рак, но потоа до HZZO бил испратен нов мејл дека ќелавата Аница била лоша кон некои вработени, а потоа секако и кон клиентите.
47-годишната Аница е вработена во Центарот за социјални работи во Славонски Брод и, како што вели, 90 отсто од колегите и даваат огромна поддршка во борбата против ракот. Сепак, има и оние неколку „колеги“ кои се обидоа да и ја отежнат и онака тешката ситуација.
- Губењето на косата е психички многу тешко, а ваквите коментари ме вратија во времето кога дознав за дијагнозата - вели Аница за Јутарњи.
- Секогаш кога се чувствував добро, одев на работа. Работам на компјутер, не се напрегам, а работата многу ми помогна за менталното здравје. Кога работев не размислував за болеста, изјавила Аница.
Дел од коментарите на граѓаните ги критикувааат оние „кои не знаат како е да се погледнете во огледало и да се гледате себе си без коса, а се осмелуваат да коментираат.
- Многумина се камуфлираат под перики, се лажат себеси и другите... ова е храброст. Ова е за пример и поттик, не за гадење!, стои во коментарот.
Приказната на Аница стигна и до Ивана Калоѓера, основачот на здружението и порталот „Нисмо саме“, кој се занимава со информирање и давање поддршка на жените кои се лекувале или се уште се лекуваат од рак. Таа го осуди однесувањето на нејзините колеги и ја покани Аница на изложбата „Јас сум сила“ која ќе се одржи на 5 февруари во Градската библиотека во Славонски Брод.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.