17 Ноември, 2025
0.0302

ДOДЕКА СТАГНИРА ВО ПРИВАТНИOТ СЕКТОР: Просечна месечна плата во „Државни патишта“ надмина илјада евра

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Прoсечната месечна нетo плата по врабoтен во Јавното претпријатие „Државни патишта“ надминала илјада евра уште во текот на ланската година. Тоа најверојатно било овозможено од големата добивка и од високите приходи што се наплаќаат од патарините, регистрациите на возила и од акцизите од горивата, како и од другите услуги..

Од сите јавон достапни документи, на страната на „Државни патишта“ во последно време единствено се објавени само кварталните извештаи за работењето на ЈПДП во текот на 2024, а таму пишува дека во последното тромесечие од минатата година просечната нето ппата изнесувала 64.913 денари за 500-те вработени.

Во однос на последниот квартал од претходната година таа е зголемена за околу 120 евра. Тогаш просечната нето плата по вработен се движела во просек по 57.735 денари. Треба да се каже дека станува збор главно за административен кадар, советници и инкасанти на наплатни рампи. „Државни патишта“ е само инвеститор во изградбата на националните автопати и регионалните патишта, а реализацијата ја остваруваат дмашни и странски изведувачи ангажирани преку повици.

Во евиденцијата на Министерството за финансии за 2025 има резултати од ова јавно претпријатие само за првиот квартал. ЈПДП во јануари, февруари и март 2025 остварило добивка поголема од 30 милиони евра, а приходите за овие три месеци изнесувале 55 милиони евра.

Во август 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата во земјата изнесува 45.310 денари ( околу 737 евра) и е зголемена за 10,3 отсто во однос на истиот месец лани, главно поради зголемувањата во јавниот сектор. Ваквото зголемување, според статистика, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 14,6%, „образование“ за 14,5% и „административни и помошни услужни дејности“ за 14,1%.

Друштвото кое остварува приходи генерално од патарини, акцизи на гориво, провизии од регистрации и евентуално државни субвенции, најголемиот дел од трошоците го насочува за враќање на ратите и каматите од кредитите од меѓународните кредитни институции кои ја финансираат изградбата на македонските патишта. Во делокругот на работата е и изградбата, реконструкција и рехабилитирање на магистралните и регионални патишта, а дел од приходите се наменети за нивно одржување преку исплата на јавното претпријатие порано познато како „Македонија пат“.

Инаку ЈПДП со своите приходи и евентуална добивка не ја покрива работата на конзорциумот „Бехтел и Енка“, чии првично проценети трошоци ќе изнесуваат 1,3 милијарди евра, туку парите се директно обезбедувани од националниот буџет.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Србија во уште поголеми проблеми: САД подготвува закон што ќе ги засегне сите земји кои соработуваат со Русија

Србија во уште поголеми проблеми: САД подготвува закон што ќе ги засегне сите земји кои соработуваат со Русија

ГОТОВО, УШТЕ МЕСЕЦ И ПОЛОВИНА И СИТЕ МОРА ДА ИМААТ САМО ЕВРА: Хрватите носталгични, како спомен зачувуваат куни

ГОТОВО, УШТЕ МЕСЕЦ И ПОЛОВИНА И СИТЕ МОРА ДА ИМААТ САМО ЕВРА: Хрватите носталгични, како спомен зачувуваат куни

Поскапеа јајцата како основен продукт во Македонија

Поскапеа јајцата како основен продукт во Македонија

Оваа година досега просечен износ на исплатен К-15 е 24.290 денари, но го исплатиле само четвртина работодавачи

Оваа година досега просечен износ на исплатен К-15 е 24.290 денари, но го исплатиле само четвртина работодавачи

ССМ: Минималната плата ќе се зголеми само 1.600 денари и тоа со законско усогласување

ССМ: Минималната плата ќе се зголеми само 1.600 денари и тоа со законско усогласување

Николоски: Има по три понуди за автопатите Скопје - Блаце и Кичево - Букојчани, во декември ќе избереме изведувачи

Николоски: Има по три понуди за автопатите Скопје - Блаце и Кичево - Букојчани, во декември ќе избереме изведувачи

Зошто во светот се зголемија трошоците за увоз на храна?

Зошто во светот се зголемија трошоците за увоз на храна?

Кои земји годинава ќе изненадат со добар економски раст?

Кои земји годинава ќе изненадат со добар економски раст?

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните да бидат спокојни, целта е стабилизација и консолидација на јавниот долг, Буџетот за 2026 година одговорно планиран

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните да бидат спокојни, целта е стабилизација и консолидација на јавниот долг, Буџетот за 2026 година одговорно планиран