Додека светот се тресе, САД ги руши очекувањата
Објавено во: Економија, Свет 29 Јуни, 2016 10:48
Aмериканската економија во првиот овогодишен квартал остварила поголема стапка на раст од првичните проценки, соопшти американското министерство за трговија.
Во првиот квартал, бруто домашниот производ на САД пораснал за 1,1 одсто на годишно ниво, што е подобро во однос на првичата проценка на раст од 0,8 одсто и благо над прогнозите на аналитичарите кои очекувале раст на БДП од 1,0 одсто, пренесе Франс прес.
Ревизијата на податоци следи поради големиот обем на извоз во тој квартал, додека податоците за раст на личната потрошувачка се ревидирани најниско, на 1,5 одсто, што се најслаби податоци од првиот квартал на 2014 година.
Иако изгледите во поглед на економскиот раст во вториот квартал се уште подобри, шокот кој го предизвика одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, како што оценува АП би можел да се прелие на американската економија во наредните месеци.
Како што наведува агенцијата АП, економистите предвидуваат раст на БДП од 2,5 одсто за тековниот квартал.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




