Доделени нови 50 решенија за легализација во Кисела Вода
Објавено во: Македонија 27 Април, 2013 19:17
Во општина Кисела Вода денеска беа доделени нови 50 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Од вкупно 11.871 поденсено барање за легализација, досега се завршени 1.486 предмети.
Решенијата ги врачи градоначалничката Билјана Беличанец - Алексиќ која ова го прави по вторпат откако ја презеде функцијата. Посочи дека тоа ќе стане пракса во општина Кисела Вода, која има најголем број дивоградби.
- Воспоставувањето урбанистички ред и успешно заокружување на процесот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода претставува заеднички интерес за сите нас, рече Беличанец-Алексиќ.
Таа ги повика граѓаните кои се уште не ја комплетирале потребната документација тоа да го сторат што поскоро за да може во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби. Ги потсети и сите правни и физички лица на кои им е изготвена урбанистичка согласност во најкраток рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на решенијата за легализација на објектите.
Во Општина Кисела Вода во административна постапка се 4.954 предмети, а 5.295 се незапочнати, односно се со нецелосна документација
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез





