05 Декември, 2025
0.1064

Доделени нови решенија за легализација на дивоградби во Кавадарци

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2013 15:38

Добивај вести на Viber

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски денеска додели решенија за легализирање на дивоизградени објекти во Кавадарци.

- Во земјава досега се легализирани 60 илјади дивоизградени објекти. Остануваат за легализација уште околу 200 илјади, кои немаат соодветна документација или геодетски елаборат. Рокот за поднесување на документи за легализација е јуни 2014 и апелирам до граѓаните час поскоро да поднесат документи, затоа што после рокот нема да може да ги легализираат објектите, рече Јанакиески.

Тој посочи дека во државата има над 100 геодетски фирми, кои се доволни за завршување работата.

- Граѓаните не треба да чекаат да дојдат април и мај следната година за да поднесат документи. Засега не се размислува за пролонгирање на рокот за поднесување на документација, додаде ресорниот министер.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов информира дека денеска се доделени 14 решенија, а за 11 сопствениците на објектите не биле во можност да ги подигнат денеска. Спроед него во општината поднесени се 7.249 барања за легализација на бесправни објекти од кои две се викенд куќи крај Тиквешкото Езеро.

- Досега се легализирани 740 бесправно изградени објекти или 12 проценти, а одбиени се осум барања за легализација. Согласно упатствата на Министерството за убрзување на постапката ние формиравме и трета комисија за оваа работа. Апелираме до граѓаните да поднесуват документи. За компаниите и оние на кои им е неопходна легализацијата заради хипотеки ќе им биде убрзана постапката, изјави Панов

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите