Доделени се концесите за минерални суровини, владата најавува економски бум
Објавено во: Економија 22 Мај, 2013 20:54
71 концесија за геолошки истражувања и за експлоатација на минерални суровини додели денеска македонската влада, а освен за домашни фирми, дозволи се дадени и на компании од Турција, Бугарија, Канада, Велика Британија и Австрија.
Според премиерот Никола Груевски, минералните ресурси во земјава сеуште се недоволно искористен природен ресурс кој доколку се искористи на вистински начин, сериозно ќе ја забрза македонската економија.
„Тие ќе значат отворање на нови работни места, инвестирање на домашниот капитал, но и влез на странски инвестиции, раздвижување на малите бизниси ангажирани како изведувачи, но и како подизведувачи на работите на терен, индиректна поддршка на фирмите кои преку разни услуги ќе работат со фирмите концесионери, развој на транспортот и градежништвото, развој и ангажман на науката која се занимава со ова научно поле, како и дополнителен приход за самите компании, но и директен приход на средства од концесиите во буџетот на државата и во буџетот на општините“, истакна Премиерот.Дел од ефектите веќе се почувствувани како резултат на владините мерки за развој на бизнисот со минерални суровини, додаде Груевски и укажа дека поради концесиите е зголемен приливот на средства и во општините и во државата.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




