29 Септември, 2024
0.0250

Доделени стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

На 14.11.2021 година во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје беа потпишани договори за доделување на стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје помеѓу добитниците на стипендиите и ректорот на Универзитетот проф. д-р Никола Јанкуловски, кој воедно е Директор на оваа Фондација.

Врз основа најавни конкурси кои беа распишани во дневниот весник Нова Македонија на 1.7.2021 година, за доделување на 10 стипендии за студенти на прв циклус студии на студиските програми по француски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и на 15.9.2021 година, за доделување на 9 стипендии за студенти на прв циклус студии на студиските програми по француски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Одборот на Фондацијата „Константин Стојанов“ донесе Одлука за доделување на 4 стипендии.

Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари во нето износ, месечно и се исплаќа за 10 (десет) месеци во студиската година.

Фондацијата „Константин Стојанов“ е основана според тестаментот од 30.3.1973 година на покојниот г-дин Константин Стојанов од Франција, депониран во Професионалното нотарско здружение „Морис Демортро и Ксавиер Демортро здружени нотари“ во Париз, Република Франција, на 14. јуни 1973 година. Основач на Фондацијата е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, застапуван од ректорот на Универзитетот. Една од стратешките цели на оваа Фондација, во согласност со статутарните определби, е школување на кадри од областа на францускиот јазик и литература, што претставува и основ за доделување на овие стипендии.

Стратешка определба на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е изнаоѓање начини за континуирана поддршка на своите студенти во текот на студирањето со цел за негово олеснување, поттик и мотивација за остварување на нивните поставени цели во поглед на нивното образование.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“