22 Јануари, 2025
0.0330

ДОГОВОР СО ТУРЦИЈА: Студентите ќе се соочат со тешки последици!

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

“Укинувањето на билатералната спогодба за признавање на дипломите на студентите од Македонија и Турција ќе има далекусежни последици што допрва ќе се пројават. Министерството за образование и наука има обврска одблизу да ги следи состојбите и на време соодветно да реагира. Вакви договори се прават со долготрајни подготовки во поволни временски периоди. Еднаш кога ќе се прекинат, тогаш можноста за повторно воспоставување станува изразено мала” - вели за Фактор, екс министерот за образование и наука, Ненад Новковски.

Една недела по одлуката на Турција да не ги признава дипломите стекнати во Македонија сеуште во неизвесност се илјадници студенти, а во јавноста останува нејасно која беше вистинската причина за ваквиот чекор на досега изразено пријателската земја. Според Новковски посебно изненадува постапката на укинување на еден ваков договор што има билатерален карактер.

“Некоја наредна власт прeд којашто би се покренало обновување на ваков договор веднаш би си го поставила сосема легитимното прашањето зошто тој договор бил раскинат. Овој договор е дел од низа договори за соработка во образованието и науката што имаа за цел да се оствари целосна компатибилност на образовните системи и неограничена мобилност на кадарот, како пример за соработка со многу други земјиОд наша страна не е објавено никакво менување па зачудува постапката да се раскине билатерален договор еднострано, без посебна постапка. Оваа одлука ќе доведе до пренасочување на студентите од Македонија што планирале да студираат во Турција кон земјите од ЕУ каде што имаат отворена врата.”- објаснува поранешниот министер за образование.

Конректните последици како што вели ќе зависат многу од натамошниот тек на постапките на властитe на обете земји бидејќи веднаш се создава амбиент на несигурност кај студентите коишто се запишани или планираат да се запишат во согласност со овој договор. Според него голема е веројатноста дека ќе се намали соработката на полето на науката и образованието помеѓу двете земји.

“Сигурно ќе се намали бројот на студентите што остварувале мобилност поради тоа што се намалува сигурноста, а се појавува ризик за поголеми административни бариери, чиешто непостоење досега било посебна поволност за студентити. Сигурно се работи за некои посериозни промени на меѓународен политички план и воопшто на односот на Турција кон Македонија како кон изразено пријателска земја. Допрва ќе видиме за какви промени се работи. Во секој случај, се дава сигнал дека изразено топлите пријателски односи помеѓу нашите две змеји не се поваќе такви”-смета екс министерот за образование.

Општествената криза во Македонија според него е веќе длабоко изразена, но она што во моментов се случува е голема активност за излегување од неа.

“Тие активности уште некое време ќе потраат пред да се вратат нормалните состојби. Процесот на справување со кризата не влијае негативно врз образованието туку има изразено позитивна улога со тоа што се запрени многу избрзани чекори во образованието што беа направени од досегашната власт”- потенцира Новковски.

Од Министерството за надворешни работи пак уверуваа дека проблем нема, туку станува збор само за промена на правната рамка. Според МНР онаму каде што престанува да важи билатералниот договор на сила  стапува мултилитерален - односно на Лисабонската конвенција со која се признаваат дипломите, а нејзини потписнички покрај голем број на земји се Македонија и Турција.

Универзитетите пак кои се засегнати со истиот проблем сеуште се во исчекување на одговор од Министерството за образование и наука. Дел од нивните претставници пак вината ја лоцираа во лошиот имиџ на образовниот систем на земјата кој како што тврдеа го наметнале фантомските факултети кои многу чинат, а не ги даваат потребните услови на студентите.

Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети во Македонија ги повика сите лица кои се засегнати со раскинувањето на договорот за взаемно признавање на дипломите со Турција да им веруваат само на информациите дадени од официјалните институции.Неофицијално во Македонија студираат околу две илјади студенти од Турција.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција