19 Декември, 2025
0.0425

Договори за безвизен режим и соработка на полето на инвестициите со Аргентина

Објавено во: Економија 27 Април, 2013 11:00

Добивај вести на Viber

Меморандум за промоција на соработката на полето на инвестициите и Договор за визна либерализација за носителите на посебните видови патни исправи потпиша македонскиот премиер Никола Груевски во  Буенос Аирес со министерот за надворешни работи на Аргентинската Република Хектор Тимерман.

Меморандум за промоција на соработката на полето на инвестициите претставува платформа за креирање економска основа на соработката, продлабочување на трговската размена и можност за реализација на инвестиции на компании од двете земји. Меморандумот претставува и ориентир и ја дава рамката за понатамошното надградување на договорната соработка и договорното уредување на односите. Договорот за визна либерализација за носителите на посебните видови патни исправи претставува исчекор кон заокружување на правната рамка за овозможување безвизен проток на лица од двете земји.

Како што информира владината прес служба, на средбата на премиерот Груевски со министер Тимерман се поздравени меѓусебните односи и е констатирана иницијативноста на двете земји за нивен развој и на економско и на политичко ниво. Соговорниците ја истакнаа посветеноста на двете земји за продлабочување на економската соработка и реализација на конкретни проекти за унапредување на соработката кои ќе се од заеднички интерес.

Двајцата соговорници разговараа и за повеќе други теми од областа на можностите за соработка на полето на образованието, информатиката и останатите јавни дејности.

Разменети се и мислења за меѓународни економски теми, опциите за менаџирање на влијанијата од светските негативни економски движења, и овозможување на понатамошен раст на националните економии.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра