05 Декември, 2025
0.2319

Договорно производство за осовременување на аграрот во државата

Објавено во: Агробизнис 08 Февруари, 2013 14:25

Добивај вести на Viber

Договорното земјоделско производство е најсигурно, а довербата меѓу произведувачите, откупувачите и преработувачите е неминовна, е заклучокот од денешната работна сесија на земјоделците и преработувачите од Струмичкиот регион.

Во организација на Федерацијата на фармери на Македонија и фондациите АЦЕ и МЦГ денеска во Домот на АРМ во Струмица се одржа работна сесија на тема „Развој на договорното производство во земјоделството, на кое учествуваше и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

Тој пред присутните ја нагласи потребата од заживување на договорното производство како организиран облик и неминовна потреба на двете страни во процесот на производство и преработка и пласман на земјоделските производи.

- Во секој мој настап и средба со земјоделците и преработувачите ја истакнувам неминовноста од постоење заеднички договори, бидејќи само договореното производство е најсигурно. Договорот гради куќа, рече Коњановски.

Агро Советот, има подгрупи во кои секојдневно се  јакне дијалогот и се изнаоѓаат нови мерки за уште поуспешно договарање, додаде Коњановски.

- Ние во овој период го стимулиравме и откупот и преработувачите со 1,5 и 2 денари за откуп на овошје и зеленчук. Оваа мерка беше добродојдена и за двете страни, а со тоа го зголемивме процентот на преработени земјоделски производи со додадена вредност и можност за пласман на странскиот пазар. Ги охрабрувам и двете страни да ја јакнат меѓусебната доверба, зашто во случај на непочитување на договорот, на подолг рок, губат и двете страни, истакна Коњановски.

Според него, првите резултати и анализи се охрабрувачки. - Ние со сите мерки ќе настојуваме оваа категорија, на писмени и усни договори, да заживее, со што ќе придонесеме до осовременување на аграрот во државата, рече Коњановски.

Претседателот на ФФМ Андреја Секуловски рече дека оваа заедничка средба на земјоделците и преработувачите, е добар пример за зацртување на следните активности.

- Денешната средба е само една форма на комуникација и дијалог од кој ќе произлезат заклучоци важни и за двете страни. Договарањето го разбираме како процес. Тоа постоело и пред 50 години, постои и денеска, а како процес ќе постои и во иднина. Класични договорни проблеми има  постојано, а отстапки се прават и од двете страни, така што многу загуби и проблеми имаат и земјоделците. Гледано на долг рок, треба да постои подобра комуникација, поголема едукација и обединување на земјоделците, развој на кооперативно здружување, како и внесување нови технологии во земјоделското производство со цел поконкурентно и попрофитабилно производство, рече Секуловски.

Претставниците на Асоцијацијата на преработувачите во Македонија укажаа на појавата на отстапувања и неисполнување на договорите од страна на земјоделците во однос на количините, времето на пласман и квалитетот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?