19 Декември, 2025
0.0551

Договорот за Грција е полош од оној кој беше отфрлен на референдумот

Објавено во: Балкан 13 Јули, 2015 12:34

Добивај вести на Viber

Денешниот спасувачки договор е полош отколку првичните барања на кредиторите кој грчкиот народ го отфрли со референдум, коментира весникот „Гардијан“.

Доаѓа само осум дена после референдумот, а усвоените мерки во спасувачкиот пакет на Атина се „бескрајно лоши“ од оние со кои Грците не се согласија пред една недела, коментира аналитичарот на „ADM Investor Services“ Марк Остланд.

Всушност, еве каква е ситуацијата за Грција:

- Нема долгорочна иднина во еврозоната

- Желбите на дел од кредиторите од еврозоната ја уништуваат целосно грчката економија, тоа секако може да се потврди дека е полош договор од Версајскиот договор во 1919 година.

Од гледна точка на краток рок и распоред:

- Ципрас ќе треба да формира нова влада на национално единство, штом се врати во Атина

- До среда Грција ќе треба да донесе закони, вклучувајќи ги и поедноставување на стапките на ДДВ, како и примена на ДДВ врз поширока основа, кратењето на пензиите и трансформирање на националната агенција за статистика во независна.

- Откако овие мерки ќе бидат прифатени, треба да започне процес, според кој парламентите на Финска, Германија, Австрија, Холандија, Словачка и Естонија треба да ја одобрат новата помош за Атина.

- Потоа грчкиот парламент ќе треба да брза со дополнителни закони, со кои ќе треба да се постигне финансирање пред 20 јули, кога Атина ќе мора да и плати на ЕЦБ.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен