Договорот за Грција предизвика различни реакции во Германија
Објавено во: Балкан 13 Јули, 2015 12:55
Договорот за Грција предизвика различни реакции меѓу германските пратеници.
Меркел зборувала за изгубената доверба. Никој не ја уништил повеќе довербата од Германија оваа ноќ, напишал на социјалните мрежи парламентарниот спикер на германската Зелена партија Дитер Јнечек.
Во светол коментар шефот на кабинетот на германската канцеларка Петер Алтмаиер го поздрави договорот.
„Европа победи. Импресивно и цврсто. Германија беше дел од решението од самиот почеток до крајот. Добро е за Грција и за еврото“, напиша тој на „Твитер“.
Најпродаваниот весник во Германија „Билд“ излезе со нов наслов и слика на изгледа изморена по 17-часовни преговори Ангела Меркел.
„По сите овие ветувања дека нема да има трета спасувачка програма, тука се други 86 милијарди евра за Грција“, наведува весникот.
Германските економисти сметаат дека Случајот со Грција е далеку од решавањето на кризата, и покрај договорот за нов спасувачки пакет.
Марсел Фратцшер, претседател на Германскиот институт за економски студии, е категоричен дека би било прерано договорот да се смета како успех. Ова е само прв чекор кон запирање на грчката економска спирала надолу, додал тој.
Холгер Шмеидинг, главен економист во „Berenberg Bank“, споделува слично мислење.
Според него сеуште не е надмината опасноста, но ризикот е намален.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




