„ДОГОВОРОТ ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО ГАЗА ПОБЛИСКУ ОД БИЛО КОГА“: Трамп по средбата со Нетанјаху
Објавено во: Свет 29 Септември, 2025 21:55
„Историски ден, потенцијално еден од најважните денови во цивилизацијата“, кажа претседателот на САД, Доналд Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа денеска.
Телефонската конференција по неговата средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше одложена за повеќе од еден час, а кога двајцата лидери се појавија пред новинарите, Трамп објави дека прекинот на огнот во Газа е „поблиску од кога било“.
Израелскиот премиер потврди дека се согласува со планот на Трамп и додаде дека гарантира дека земјата никогаш повеќе нема да биде под закана од Хамас.
Хамас претходно изјави дека не им е испратен формално предлог.
Трамп вели дека телата на мртвите заложници ќе бидат вратени веднаш ако мировниот план биде прифатен и дека тоа би значело „итен крај на самата војна“.
Арапските и муслиманските земји ветија дека брзо ќе ја „демилитаризираат Газа“ како дел од планот.
Хамас е нивна грижа, рече Трамп.
'We are beyond very close'
— Sky News (@SkyNews) September 29, 2025
US President Donald Trump says he's close to securing a deal to end the war in Gaza after a meeting with Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu at the White House.
Follow live https://t.co/dbVf5ctQZf
Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/2eGFpLeYkN
Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се извини на катарскиот премиер во телефонски повик од Белата куќа за нападот пред неколку недели, објави агенцијата Франс-прес.
Според планот објавен од Белата куќа пред прес-конференцијата, главното барање е ослободување на сите заложници во рок од 72 часа од ратификацијата на договорот.
Откако ќе бидат вратени, Израел ќе ослободи 250 палестински затвореници кои отслужуваат доживотна казна затвор и 1.700 Палестинци кои се во затвор од 7 октомври 2023 година.
Хамас нема да има никаква идна улога во Газа - а на членовите кои ќе се обврзат на мир ќе им биде понудена амнестија и безбеден премин надвор од територијата.
Сите воени структури на Хамас ќе бидат уништени.
Исто така, се наведува дека „Израел нема да ја окупира или анектира Газа“ и дека неговите сили ќе се повлечат од територијата во фази со текот на времето, со привремена преодна влада која ќе го води Појасот.
Трамп на конференцијата рече дека „мировен комитет“ ќе го надгледува планот. Трамп ќе претседава со комитетот.
Комитетот би вклучувал и лидери од други земји, потенцијално вклучувајќи го и поранешниот британски премиер Тони Блер.
Голем дел од планот се фокусира на она што САД го нарекуваат „план за економски развој“ за обнова на Газа.
Планот, исто така, ја остава вратата отворена за можна палестинска држава.
Ова е значајна промена во ставот на администрацијата на Трамп, која претходно се залагаше за преместување на целото население на Газа од 2,1 милиони жители и трансформација на Газа во „ривиера“ во сопственост на САД.
Најновиот предлог ги охрабрува Палестинците да останат во Газа.
Исто така, ги признава палестинските аспирации за идна држава и вклучува идна улога за Палестинската управа (ПА) на територијата откако ќе спроведе реформи.
Ова беа претходни црвени линии за Нетанјаху, а многумина би го сметале прифаќањето на предлогот за голем неуспех.
Тој постојано ветуваше дека нема да дозволи палестинска држава и ја нарече Палестинската управа „корумпирана до срж“.
Фото: Принтскрин/Икс
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев




