19 Декември, 2025
0.0554

Дојде ли денот на вистината за Грција?

Објавено во: Балкан, Економија 22 Јуни, 2015 10:15

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас поминал голем дел од своето време во неделата во работниот кабинет, разговарал по телефон за новата грчка понуда и за договор со лидерите на Германија, Франција и Европската комисија.

„Премиерот на Грција им го претстави предлогот на тројцата лидери . Со цел заемен договор, што ќе доведе до конечна одлука, а не одложување на решавањето на проблемот“, се вели во соопштението од канцеларијата на Ципрас.

„Новиот грчки предлог е примен ... Добра е основата за напредокот на самитот на еврозоната“, напишал на својот  „Twitter“ Мартин Зелмаир, шеф на кабинетот на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Алексис Ципрас ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, претседателот на ЕЦБ Марио Драги, шефот на ММФ Кристин Лагард и претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум во 10 часот по локално време, соопшти портпаролот на ЕУ. Министрите за финансии од еврозоната, пак, треба да се состанат 90 минути подоцна, додека средбата на врвот на еврозоната е закажан за 20 часот.

Фокусиран на својата обврска да ги прекинат мерките за штедење, Ципрас застанува на барањата за намалување на трошоците за пензии и инсистира категорично за отпишување на долгот во замена за реформи.

Сепак грчки официјални претставници изјавиле дека Атина можеби веќе е подготвена да ги разгледа зголемувањата на данокот на додадена вредност или други давачки, за да ги смири кредиторите кои сакаат конкретни докази дека буџетските цели ќе бидат исполнети.

„Нема време за губење. Секој ден е важен. Разговорите и преговорите треба да продолжат додека не се постигне договор“, изјавил францускиот претседател Франсоа Оланд за време на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер Maтеo Рензи.

На Атина итно и треба пристап до финансии, за да ги избегне обврските кон ММФ во износ од 1,6 милијарди евра, кои треба да бидат платени на крајот на месецот.

Извори во Франкфурт и Брисел изјавиле дека денес одборот на ЕЦБ ќе разговара за ликвидноста на банкарскиот сектор на Грција. Според зборовите вкупниот износ на повлечени средства од кредиторите минатата недела надминаа над 4 милијарди евра.

Истовремено поддржувачите на грчката владејачка партија СИРИЗА се собрале во Атина во неделата, за да испратат „силна порака на отпор“ против барањата за повеќе намалувања на трошоците и зголемување на даноците во земјата погодена од години на рецесија.

Согласно мерките за штедење наметнати од ММФ, ЕУ и ЕЦБ двете спасувања на земјата, економијата на Грција падна за една четвртина, платите и пензиите биле намалени, а невработеноста се движи околу 25 проценти.

Грчката влада тврди дека економиите се зголемија во негативниот ефект од кризата. Висок пратеник од СИРИЗА во неделата изјавил дека претходните идеи презентирани од Јункер, би довеле до „социјален холокауст“.

„Демократијата не може да биде уценувана, достоинството не може да биде скриено“, посочија уште од владејачката партија за време на митингот во неделата.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен