05 Декември, 2025
0.0557

ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ, ТОЈ Е ИЗБОР НА КАВАДАРЧАНИ - Милошоски ја објасни поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за Јанчев

Објавено во: Македонија 30 Август, 2021 13:00

Добивај вести на Viber

Опшозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги објави кандидатите на нивната коалиција за уште десет општини, односно за Ресен, Крушево, Делчево, Василево, Дебарца, Ново Село, Ранковце, Зрновци, Кратово…

Она што јавноста најмногу го очекуваше, е потврдата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на Митко Јанчев, актуелен градоначалник на Кавадарци, кој имаше недоразбирања со партијата, но сепак реши да ја побара нејзината поддршка, а таа дурио денеска соопштува дека одлучила да му ја одобри. 

Еве со кои други ксандидати ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ на претстојното изборно соочување. Во Ресен ќе се тркаат со Јован Тозиовски, во Крушево со Билјана Проеска, во Делчево со Николчо Стојменовски, во Ранковце со Борче Спасовски, во Ново Село со Ѓорѓе Божинов, во Василево Славе Андонов, во Дебарца со Саше Силјаноски, во Зрновци со Борчо Коцев, а во Кратово со Тодорчо Николовски од Социјалистичката партија.

Овие имиња на прес конференција во партијата ги соопшти пратеникот Антонио Милошоски, наведувајќи дека како критериуми по кои е направен изборот се програмата за мандатот, анкетите меѓу локалното население и анкетите со можните противвкандидати.

На новинарско прашање дали во случајот со Јанчев се решени недоразбирањата, Милошоски рече дека Јанчев бил избор на жителите на Кавадарци кои биле анкетирани, но и дека со ова партијата сака да испрати и порака на обединување. 

„Сметаме дека е време за обединуивање против власта која ја води земјата во погрешна насока. Јанчев е показател дека тоа време за обединување е дојдено на овие избори“, рече Милошоски. 

За поддршката на кандидатурата на Данела Арсовска, пак, тој нагласи дека се раководеле од тоа дека на градот му треба добар менаџер, а сметаат дека токму Арсовска го има тоа како квалитет според нејзината биографија. Се надева дека Арсовска ќе ја добие и поддршката од Алијанса за Албанците и Алтернатива, со кои ВМРО-ДПМНЕ договори предизборна соработка минатата недела, како и дека ќе привлече и други непартиски гласови.

За 5 или 6 септември Милошоски најави дека ќе ги објават и преостанатите десетина кандидати за градоначалници, меѓу кои и за општините Аеродром, Карпош, Битола…

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите