„ДОЈДЕ ВРЕМЕТО ПОРАНЕШНИОТ СОВЕТНИК НА ТОДОРОВ ДА ПРАШУВА КОЈ Е СДСМ КОЈ НЕ Е?“ Максим Димитриевски извади слика од Филипче како советник на Тодоров
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2025 06:00
Секој има право со кого сака да седи во кафеана, вели лидерот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски, коментирајќи ја фотографијата која се појави во медиумите, а на која се прикажани поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски и носителката на советничката листа од ЗНАМ за Охрид и кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков.
-Со Црвенковски сме добри пријатели. Тој е еден од основоположниците на СДСМ и човек кој го почитувам. Добар дел од луѓето во ЗНАМ се поранешни членови на СДСМ, разочарани од тоа што денес се случува во таа партија. Секој има право со кого сака да седи во кафеана. Дојде време овој овде на сликава да прашува кој е СДСМ кон не е? Поранешниот советник на поранешниот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров? изјави Димитриевски за централниот дневник на телевизија „Сител“, покажувајќи фотографија од актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, снимена во времето кога бил советник на министерот за здравство Никола Тодоров во Владата на Никола Груевски.
-Жалам што СДСМ дојде до ова дереџе - човек со милион афери, со златна виза за Дубаи, со луксузирање на јахти, кој се продава за чесна душа, денес ја води таа партија. И уште прави алузии на зборовите на Црвенковски - ‘или си СДСМ или не си’. Можеби тој наскоро ќе си замине, но сите тие што денес ја водат партијата треба час поскоро да си одат. Не може лажен социјалдемократ како Филипче да ја води социјалдемократијата во Македонија, рече Димитриевски.
Лидерот на ЗНАМ потенцираше дека СДСМ за него е завршена приказна и дека ЗНАМ е автохтоно и автономно политичко движење.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје
Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 и уште 20 автобуси ќе имаме до Нова година
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и уште тројца одат во притвор
ВЕАПОСКА СТРАВУВА ДЕКА СЛУЧАЈОТ ЌЕ ЗАСТАРИ: Најави протести и очекува поддршка од народот
Радовишанка е обвинета лажно за пријавување бомба во основно училиште
Љупчо Николовски: Под ризик се 100 милиони евра од ИПАРД по вчерашното апсење
ОД ДРАЧЕВО ДО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЗА 13 МИНУТИ - од следна година мај или јуни стартува „Градскиот воз“





