29 Септември, 2024
0.0276

Дојде Живот за братот на битолската градоначалничка

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

ВМРО ДПМНЕ од Битола со обвинувања за партиски вработувања и поставувањето на партиски кадри за директори на училиштата по смената на власта во оваа општина.

Имено, Викторија Христовска на прес конференција обвини дека градоначалничката Наташа Петровска си го вработила братот во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола како наставник по матаматика.

„Денес ја прашуваме градоначалничката Наташа Петровска, дали е точно дека нејзиниот брат е вработен како наставник по математика во ОУ „Елпида Караманди“, веднаш по поставувањето на партиски кадар за директор на ова основно училиште. Ја прашуваме исто така, дали е точно дека вд директорката на ОУ „Даме Груев“ е сопруга на директорот на ЈКП „Комуналец“, Панде Богоевски и дали директорките на двете гимназии во Битола се исто така во роднинска врска. Зборот транспарентност го слушавме во текот на целата предизборна кампања, па очекуваме и ние и граѓаните на таков начин да добиеме одговор на овие прашања“, рече Викторија Христовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Наташа Петровска на обвинувањата возврати со тоа што рече дека нејзиниот брат бил единствен пријавен кандидат на интервјуто за работното место наставник по математика. 

Оттука, Петровска упатува прашање „дали требаше да викаме лице невработено од друга општина само за работата да не ја добие мојот брат?“ и посочувајќи дека тој во изминатите десет години не добил шанса за вработување како наставник по математика.

„Имајќи во предвид како владееја во изминатиот период, воопшто не ме чуди политичкиот невкус и незнаење со коишто настапија. Точно е дека мојот брат работи во ОУ 'Елпида Караманди', како што е и точно дека во периодот кога беше ангажиран во Агенцијата за вработување беше кандидат кој се водеше како невработен и беше единствен кој се појави на регуларно поставеното интевју, какво што има при секое друго вработување. Мојот брат ги доби часовите зашто немаше друг кандидат“, рече Петровска.

„Прашање е следно како човек кој е дипломиран веќе десет години не нашол прилика да работи во образовна институција иако имавме ситуации кога беа носени за вработување лица од други градови, со што беше оптоваруван буџетот, само за да не биде вработен брат ми. Дали требаше да викаме лице невработено од друга општина само да не биде братот на градоначалничката?“, возврати Петровска.  

Од Агенцијата за вработување за работното место наставник по математика во ОУ„Елпида Караманди“ известиле тројца кандидати кои ги исфрлил нивниот систем како невработени лица од овој профил. Сите тројца биле повикани на интервју, двајца не се јавиле оти едниот живеел во Скопје, а другиот бил во постапка за вработување. На интервјуто се пријавил само братот на Петровска.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“