28 Септември, 2024
0.0319

ДОЈДЕТЕ СИТЕ, МАКЕДОНЦИ, АЛБАНЦИ, ТУРЦИ, РОМИ, СРБИ... Груби со порака - или сте за Европа, или против, нема средна зона

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска, на годишната владина конференција „2023 година на нови можности за економски развој и европски интеграции“, рече дека политиката на нашата Влада била храбра и прогресивна, политика на нула проблеми со соседите и целосно регионално и евро-американско партнерство. 
„Додека пак, политиката на страв е политика на уназадување, тоа е политика која одржува статус кво, а кога сите други напредуваат, тие што се заглавени во место, всушност, уназадуваат“, рече меѓу другото Груби.

„Бевме реизбрани по неуспешниот обид во Собранието да се спречи почетокот на преговорите со Европската Унија со мотиви да се втурне нашата земја во непредвидливост. Не дозволивме инсталирање на парламентарно мнозинство зависно од Москва кое ќе избира марионетска Влада на услуга на некој друг, а не на граѓаните. Овие напори не престанаа. Ваквите закани се секојдневие на нашата власт, но тоа не не обесхрабрува. Напротив, уште повеќе не зајакнува да го реализираме она што им го ветивме на граѓаните, еднаквост, развој, интеграција, мир, безбедност и стабилност“, рече Груби.

Според него, покрај декларацијата за независност и Уставот, нашата земја има три основни документи кои овозможуваат реализација на нашите програмски определби: Охридскиот мировен договор, Дoговорот од Преспа и Договорот за добрососедство.

„Го заокруживме нормативниот дел од Охридскиот договор и сега неговата имплементација е секојдневие и ни овозможи да имаме рамноправно општество, сведоци сме дека не е донесена маргинализирачка, дискриминаторска одлука и нема никакви пречки во спроведувањето. Го испочитуваме договорот од Преспа во целост, го променивме Уставот. Повторно, ништо лошо не се случи со нашата земја. Станавме членки на НАТО, странските инвестиции се зголемија, безбедни сме во овие тешки и непредвидливи времиња. Дури и со Србија го решивме прашањето за автокефалноста на православната црква и повторно ништо лошо не ни се случи. Договорот за добрососедство го одобривме и во Владата и во Собранието и како резултат на тоа во јули минатата година конечно ги започнавме преговорите за членство во Европската Унија. И после тоа сонцето повторно изгреа, а ние зборуваме на истите јазици што ги зборувавме и пишувавме, се чувствуваме како што сме, без да дозволиме никакво наметнување, но сега како земја која преговара со Брисел“, рече Груби. 

Според него, во клучните моменти, кога целиот регион се користи како полигон за влијание, прогресивното мнозинство ги предизвикува сите за Европска алијанса.

„Овој е единствениот пат за проекти, автопати, железници, депонии, училишта, болници, градинки, подобар стандард на живеење, за владеење на правото, за борба против корупцијата и организираниот криминал, за чистење на нашите општествени редови и јавноста од монтерите на стравот и директните и индиректните пречки на европскиот пат. Дојдете сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, политички партии, граѓанско општество, медиуми, креатори на јавното мислење, академски свет и граѓани, дојдете на првата линија на европско- македонскиот фронт. Нема повеќе време и простор за калкулации и измами, или сте за Европа или сте против, нема простор за средна зона, бидејќи нема друга алтернатива“, поентираше Груби во своето излагање.

Можеби ќе ве интересира

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност