28 Септември, 2024
0.0298

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

ЕУ не може да наложува спроведување на необврзувачки документи, да става како обврска записници од состаноци на дипломати и нацрт документи кои не ја поминале процедурата на ратификација во Македонија согласно Уставот и законите.

Ова го истакнува професорката Мирајна Најчевска, која детално објасни зошто договорот со Бугарија е необврзувачки. По големата фама која деновиве се крена и зголемувањето на тензиите меѓу Македонија и Бугарија околу барањата на нашиот сосед и условувањето за членство на унијата, професорката со детално образложение: 

Ајде да кажам два збора за тоа што може а што не може да бара ЕУ од Македонија во врска со нејзините билатерални односи и за маглата која се крева околу преговарачката рамка.

Значи ЕУ може да бара Македонија да ги почитува склучените договори. Може да бара евентуално склучување нови договори. Може да изразува поддршка за одредени активности поврзани со практикувањето на договорите.

ЕУ не може да наложува спроведување на необврзувачки документи, да става како обврска записници од состаноци на дипломати и нацрт документи кои не ја поминале процедурата на ратификација во Македонија согласно Уставот и законите.

Значи, ЕУ може и бара спроведување на договорите со Грција и Бугарија.

Меѓутоа ЕУ не може да бара спроведување на протоколите од состаноците на високи функционери од Македонија и Бугарија.

Што претставуваат двата протоколи потпишани од Никола Димитров и Екатерина Захариева, и од Бујар Османи и Теодора Генчовска? - посочува Најчевска. 

Потоа професорката вели „да не не збунува помпезниот назив ПРОТОКОЛ?“ и појаснува термини од речниот кој го користи Европската унија во своите извештаи. 

Според речникот Merriam-Webster: протокол е нацрт, записник, или прелиминарен меморандум формулиран и потпишан од страна на дипломатски преговарачи како основа за договор.

Ваков документ нема никаква правна обврзност и не може да биде самостоен документ во правниот сообраќај.

Тоа што Бујар Османи во улога на преговарач прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп, на некој приватен договор за друг вид лични или бенефиции за трета држава, злонамерен акт на човек кој не ја сака Македонија и не ја перципира како своја држава, ... Може дури и да се постави прашањето за негова одговорност за злоупотреба на службенмата должност со што ја довел Македонија во ситуација од која трпи огромна штета.

Меѓутоа протоколот потпишан од Бујар Османи не може да бид дел од преговарачката рамка и секој и најслаб правник во ЕУ тоа многу добро го знае,

Затоа во ниту еден од документите на ЕУ не се спомнуваат протоколите туку, заобиколно се внесуваат со зборовите:

“Оваа Преговарачка рамка ќе ви ја презентираме врз основа на општиот став на ЕУ, за време на следниот состанок на меѓувладината конференција која сме подготвени да ја одржиме без понатамошни одлагања или дополнителна политичка одлука, веднаш штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени како што е наведено во Заклучокот на Советот од XX/XX/2022, во согласност со своите внатрешни процедури.“

А што кажал во заклучоците Советот:

“Советот ГО ПОЗДРАВУВА договорот за протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија формирана според член 12 од овој договор.“

“Советот ЈА ПОЗДРАВУВА намерата на Северна Македонија, да започне и приоритетно да ги постигне релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во рамките на границите на државата и кои се дел од други народи, како што се Бугарите.“

Ова е една многу интересна формулација која никако не реферира на правна обврска и дури е така широко поставена што Бугарите се спомнуваат само како пример за можно внесување на други народи во Уставот на Македонија.

Интересно би било во Уставот да се внесат на пример Хрватите и со тоа ќе се исполни барањето на Советот - посочува Најчевска.

За крај професоракта вели „според мене време е Македонија да поведе постапка пред Европскиот суд за правдата и да побара судско решение во врска со внесувањето на барања кои не се правно фундирани во преговарачката рамка. Значи треба да најдеме пријателска ЕУ држава или друг ЕУ субјект кој би повел постапка против Бугарија или против институциите кои стојат зад преговарачката рамка“.




Можеби ќе ве интересира

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик