05 Декември, 2025
1.0794

ДОКОЛКУ СЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Колку ќе плати „Оне Македонија“ за да стане трет оператор?

Објавено во: Економија 23 Август, 2025 11:54

Добивај вести на Viber

Само „Оне Македонија“, фирма на унгарската 4иГ достави понуда на тендерот на АЕК за доделување одобренија за нов мрежен оператор, иако интерес за учество покажаа уште и Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и е& ппф Телеком Груп Б.В.

Ако влезе на македонскиот пазар, „Оне Македонија“ ќе треба да и плати на државата најмалку 8 милиони евра за да го добие правото да биде трет голем телекомуникациски оператор.

Минималниот еднократен надоместок за користење на фреквенциите 700 MHz, 1800 MHz и 3.х GHz изнесува 4,2 милиони, 1,6 милиони и 2,32 милиони евра посебно.

На јавното наддавање, АЕК констатираше дека фирмата ги има доставено сите потребни документи, а одлуката би била донесена по завршување на изборниот процес, односно откако ќе заврши вториот изборен круг и ќе бидат исцрпени сите рокови за жалби, или евентуални прегласувања во некои општини.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, по седницата на Агенцијата за електронски комуникации посочи дека очекува третиот оператор да почне со работа веќе следната година.

„Апсолутно, конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика кажав, дали ќе влезе или не трет мобилен оператор  во државава, еве влегува, зависи само од постојните два оператори. За жал во овие година и нешто ништо не направија ниту да ги подобрат услугите ниту да ги намалат цените. Согласно тендерските правила веќе на крајот на следната година треба да работи новиот оператор, што значи дека му се дава една година да се опреми, со базни станици, итн, и веќе во следната година ќе можеме да имаме мобилни телефони и со трет оператор во државата - изјави Николоски.

Заклучно со првиот квартал од годинава во Македонија се регистрирани 1.941.996 активни претплатници во мобилната телефонија, од кои најголем удел имаат двата мрежни оператори, А1 Македонија, 47,69 проценти и Македонски Телеком со 46,66 проценти. Удел од 3,38 проценти има М-ТЕЛ, виртуелниот мобилен оператор што влезе на пазарот во октомври 2022 година, 1,34 проценти на Телекабел, 0,38 проценти Мтелмобајл, 0,10 проценти Греен мобиле.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?