08 Ноември, 2025
0.4890

ДОКТОР ШАИНИ ЈА ОТФРЛА МОЖНОСТА СОПРУГАТА ДА СТОИ ЗАД ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ - бара органите да го најдат вистинскиот осомничен

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2025 13:32

Добивај вести на Viber

Докторот Зекирија Шаини на денешната прес-конференција во Куманово ги отфрли како неосновани и невистините тврдењата дека зад неговиот случај стои неговата сопруга Арјета Ајдини и побара од истражните органи во итно да ја расчистат ситуацијата и да го откријат вистинскиот осомничен за случајот. 

Тој во изјавата за медиумите кажа дека нема информација и сознанија за „мотивите за атентатот“ и е подготвен за соработка за целосна разрешница на случајот.

Шаини беше застрелан на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во центарот на Куманово пред три дена околу 14 часот. Тој рече дека по информациите пренесени од органите, преку социјалните мрежи и медиуми, чуствува морална и професионална обврска, јавно да реагира и да ја информира јавноста.

Шаини рече нема информација и сознанија за мотивите за „атентатот“, дека како претходно објавил на социјалние мрежи и по неговата првична изјава пред истражните органи, и денес пред јавноста, нема нерасчистени сметки со никого, никому не го загрозил животот, приватност или нешто друго.

- Целосно го отфрлувам како неосновани и невистинити тврдењата дека за ова стои госпоѓата Арјета Ајдини, затоа барам од истражните органи под итно да ја објаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а посебно имиџот на г-ѓата Ајдини. 

Овој случај за жал се претставува со јасна намера за дискредитација на мене и моето семејство како и за создавање збунетост и заблуда во јавноста. Барам од истражните органи, на редот, апелирам до нив да се зафатат со откривање на вистинскиот осомничен за случајот, а не настанот да го прикажат како семејна расправија или недоразбирање, бидејќи доколу навистина ќе беше така како што се престасува во јавноста, јас никогаш не би продолжил да живеам заедно со мојата госпоѓа. Фала му на Бога, мојата госпоѓа заедно со нашите ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчане - рече Шаини.

Тој ги замоли медиумите во интерес на точно, објективно информирање и во духот на почитување на професионалните и етичките стандарди на новинарството, да го објават ова објаснувањето, го повика органите на прогонот да продолжат со откривање на вистинскиот сторител на овој чин, укажувајќи дека стои располагање секогаш кога ќе биде потребно да помогне за расчистувањето на случајот, бидејќи лично е заинтересиран случајот што побрзо да добие епилог и вистината да излезе на виделина.

- Апелирам до политичките субјекти, да не брзаат со изјави да не го користат овој случај за политички поени, особено во овие моменти на кампања за локалните избори  рече Шаини.

Одговарајќи на новинарски прашања за кривична пријава против сопругата која му испраќала заканувачки пораки, Шаини рече дека се што имал прочитал и кажал и повтори дека стои на располагање на ОЈО, МВР, судот.

- Ви благодарам што дојдовте, ако имам потреба ќе ве викнам за да се разјасни целата ситуација, не кријам ништо, за што бев животозагрозувачки, не кријам и не сакам да заштитам никого. Ќе одма до крај за да се разјасни работата. Ја ќе продолжам со главата горе, од никого не се плашам, зашто лошо никому немам сторено ќе се појавам на митингот вечерва се што кажав, кажав-ќе прочитаат меѓу редови, изјави Шаини.

Од ЈОРСМ денеска информираа дека е доставена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешна сопруга на оштетениот.

- Пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето сè уште се проверуваат. Надлежен јавен обвинител постапува по пријавите и презема дејствија, информираа од ЈОРСМ.

Од обвинителството објаснуваат до овој момент ова е единствена пријава.

- Индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето сè уште се проверуваат, додаваат од обвинителството.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: 

„СЕ ЧУВСТВУВАМ ЗАГРОЗЕН, СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ НАЈДЕ ЛИЦЕТО ШТО ГО НАПРАВИ ДЕЛОТО“: Се огласи д-р Шаини по излегувањето од болница


ДОБИВАЛ ЗАКАНИ: Кривична пријава за поттикнување на пораките за екссопругата на Шаини



Можеби ќе ве интересира

Калајџиев: Европската комисија со извештајот ѝ испрати прекор на Владата

Калајџиев: Европската комисија со извештајот ѝ испрати прекор на Владата

(ВИДЕО) БАГЕРИ ВЛЕГОА ВО ВАРДАР: Се чисти коритото на реката во центарот на градот

(ВИДЕО) БАГЕРИ ВЛЕГОА ВО ВАРДАР: Се чисти коритото на реката во центарот на градот

ПО СКАНДАЛОТ СО КОРУПЦИЈА, СЕ ОГЛАСИ ТРИПУНОВСКИ: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата

ПО СКАНДАЛОТ СО КОРУПЦИЈА, СЕ ОГЛАСИ ТРИПУНОВСКИ: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата

Остатоци од човечко тело пронајдени во атарот на селото Сопот

Остатоци од човечко тело пронајдени во атарот на селото Сопот

ЃОРЃИЕВСКИ ЌЕ ГИ ЧЕШЛА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Ќе брка од работа и ќе проверува што се работело

ЃОРЃИЕВСКИ ЌЕ ГИ ЧЕШЛА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Ќе брка од работа и ќе проверува што се работело

(ВИДЕО) МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ШТИП ПРАВАТ ХАОС И СЕ СМЕАТ: Фрлаат канти за отпад на тераси

(ВИДЕО) МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ШТИП ПРАВАТ ХАОС И СЕ СМЕАТ: Фрлаат канти за отпад на тераси

ГРК, КОСОВЕЦ И ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ: Организирале борби со кучиња, ќе одговараат за убивање и мачење животни

ГРК, КОСОВЕЦ И ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ: Организирале борби со кучиња, ќе одговараат за убивање и мачење животни

„ПОСТОИ ТИШИНА ШТО ДОАЃА ПО ПОРАЗОТ, НА НЕА НИЕДНА ПОБЕДА НЕ МОЖЕ ДА ВЕ НАУЧИ“: Се огласи Османи по загубата на локалните избори

„ПОСТОИ ТИШИНА ШТО ДОАЃА ПО ПОРАЗОТ, НА НЕА НИЕДНА ПОБЕДА НЕ МОЖЕ ДА ВЕ НАУЧИ“: Се огласи Османи по загубата на локалните избори

„КОГА ЌЕ ДОЈДЕШ КАКО ГОЛТАР НА ВЛАСТ, А ЌЕ ИЗЛЕЗЕШ БИЗНИСМЕН“: Најчевска наброја што точно спаѓа под злоупотреба на службена должност

„КОГА ЌЕ ДОЈДЕШ КАКО ГОЛТАР НА ВЛАСТ, А ЌЕ ИЗЛЕЗЕШ БИЗНИСМЕН“: Најчевска наброја што точно спаѓа под злоупотреба на службена должност