Доктор Субрата Рој стигнува, Сахараја Македонија сепак ќе се гради?
Објавено во: Економија 10 Јули, 2013 08:09
Љубаништа луксузен туристички центар на брегот на Охридското езеро
Според плановите, индиската компанија на милјардерот Рој во Охрид треба да гради монденски туристички центар со луксузни хотели, казина, спортски терени, пристаниште, објекти за забава и рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели и казино на вода на површина од 240 хектари. Инаку, компанијата на индискиот бизнисмен „Сахара Индија Паривар“, од локалната самоуправа веќе побарала и дополнителни 17 хектари земјиште во Љубаништа, за да има доволно простор за луксузниот туристички комплекс кој сака да го гради.
Ова го потврди охридскиот градоначалник Никола Бакрачески според кого новите 17 хектари на индијците им требале за изградба на сместувачките капацитети за сервисниот персонал што ќе го опслужува комплексот.
„Во Охрид ќе престојува и самиот сопственик на групацијата , Субрата Рој, кој очекувам дека ќе ми ги соопшти сите поединости околу текот на подготовките за реализација на проектот, кои верувам ќе течат во најдобар ред и дека до 2020 комплексот ќе биде изграден“, изјави за медиумите охридскиот градоначалник Бакрачески.
Субрата Рој - милијардер, милионер или ...? Со какво куферче доаѓа во Македонија
Индискиот бизнисмен Субрата Рој, како што пишуваа тамошните медиуми со одлуката на Врховниот суд на Индија заради измами и даночно затајување од 4,4 милијарди долари му го замрзна целиот имот и сметките на Субрата, а подоцна распиша и потерница за негово апсење. Нешто подоцна во јавноста се појави веста дека индискиот регулатор на пазарот СЕБИ започнал со процесот на враќање на парите што компанијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој ги должи на инвеститорите. Субрата Рој, иако беше претставен како милијардер и голем инвеститор, сепак на сослушувањето пред регулаторот на пазарот СЕБИ изјави дека неговиот вкупен имот што го поседува не е поскап од 1 милион долари.
Почесен доктор на економски науки
Субрата Рој Сахара стана почесен доктор на економски науки на „University of East London“.На специјална церемонија во „Краун плаца“ хотелот присуствуваа членови на семејството, претставници на универзитетот, голем број на истакнати гости од бизнис заедницата, политиката и спортот.
„Неговиот успех во Индија покажува дека секој успех може да биде не само локален туку и глобален. Јас сум воодушевен од неговиот начин на бизнис и филозофијата на која се заснова неговата компанија“, изјави Лорд Нун (Lord Noon), ректорот на Универзитетот.
Редакција Фактор
Можеби ќе ве интересира
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија




