Докторка од Кина ќе докажува дека коронавирусот го создал човек
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Септември, 2020 15:27
Докторка од Кина тврди дека коронавирусот го создал човек и ќе настојува тоа да го докаже.
Taa e убедена дека Ковид-19 е создаден во лабораторија во градот Вухан.
Кинески виролог, кој тврди дека Ковид-19 е создаден од човечка рака во лабораторија во Кина, во понеделникот објави извештај за кој вели дека го поддржува нејзиното експлозивно тврдење, објави „Њујорк пост“.
Д-р Ли-Менг Јан, поранешен истражувач на Факултетот за јавно здравје во Хонг Конг, објави труд на веб-страницата „Зеноте“, за кој тврди дека покажува како САРС-Ков-2 може да биде креиран во лабораториски услови за шест месеци.
Трудот, коавторско дело создадено заедно со двајца други истражувачи, е насловен како „Невообичаени карактеристики на геномот САРС-Ков-2 што сугерираат софистицирана лабораториска модификација наместо природна еволуција и обележување на неговиот веројатно синтетички пат“.
Јан, која тврди дека го направиле едно од првите истражување за Ковид-19 минатата година, претходно го обвини Пекинг дека лажел кога дознал за вирусот убиец и се обидел да ја прикрие нејзината работа.
Таа вели дека нејзините поранешни супервизори на Факултетот за јавно здравје во Хонг Конг, референтна лабораторија за СЗО, ја замолчиле кога таа во декември лани алармирала за пренесување на вирусот од човек на човек.
Јан тврди дека пред да избега од Кина, нејзините податоци биле избришани од владините бази на податоци.
Лабораторијата негираше дека Јан некогаш направила какво било истражување за пренесување на вирусот од човек на човек и дека нејзините тврдења немаат научна основа.
Во април, Јан избегала од Хонг Конг во Америка за да ја подигне свеста за пандемијата. Таа се криела од страв за својата безбедност.Јуан Жиминг, директор на Институтот за вирологија во Вухан, претходно ги негираше тврдењата дека вирусот случајно се раширил од неговиот објект.
Во светот сега има 29.4 милиони заразени, и над 933.000 починати. Во Македонија денес меѓу починатите има луѓе на 23 и 29 години.Вирусот принуди многу земји да бидат во карантин, да се ограничат патувањата, но и да се затворат многу фирми.
Само во Италија има 90.000 трајно затворени фирми поради пандемијата.
Можеби ќе ве интересира
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму




