19 Декември, 2025
0.0476

Документите на Панама: Како богатите и политичарите во светот ги кријат милијардите?

Објавено во: Економија, Свет 04 Април, 2016 10:41

Добивај вести на Viber

Над 11,5 милиони тајни документи беа откриени во најголемото обелоденување на документи во историјата на новинарството.

Откритијата на „Panama Papers“, или Документите на Панама, како што се нарекува во извештајот, се поврзани со едни од највлијателните фигури во светската политика - рускиот претседател Владимир Путин, Павле Лазаренко (поранешен премиер на Украина), Дмитриј Песков (портпаролот на Путин), Петро Порошенко (претседател на Украина), премиерите на Исланд, Пакистан, кралот на Саудиска Арабија, таткото на сегашниот премиер на Велика Британија Дејвид Камерон - Иан. Во нив фигурираат уште официјални лица од „FIFA“, светски познати личности и спортисти како Лионел Меси.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/OCCRP/status/716705094427926528?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Во истрагата се вклучени повеќе од 370 новинари од 109 медиуми во 76 земји во светот. Скоро една година тие испитуваат импресивен обем на податоци - 2,6 терабајти кои содржат близу 11,5 милиони документи поврзани со 214 488 фирми на клиенти од 202 земји, регистрирани во неколку офшорки во текот на речиси 40 години - помеѓу 1977 и декември 2015 година.

Извештајот е категоричен - блиски на Путин се привилигирани за милиони и милијарди од зделки кои немало како да победат, ако немало протекција на рускиот претседател. Пронајдени се податоци за барем 100 финансиски трансакции, меѓу кои и оние за огромни кредити кои се откупуваат за 1 долар. Резултатот според нив бил еден - парите и власта се враќале назад кај луѓето и компании поврзани со Путин.

Според сметките на авторите на извештајот речиси 2 милијарди долари во офшорки се поврзани со рускиот претседател.

Од документите станува јасно дека семејството на Путин се привилигирани од парите.

Други документи посочуваат дека во „Bank of Russia“ се исперени милијарди долари поврзани со претседателското семејство. Путин поседува 3.6% од банката. „Документите на Панама“ за прв пат откриваат како дејствувала банката.

Парите биле дадени на две офшор компании, сопственост на блиски на Путин.

Заеми пак за стотици милиони долари биле продавани од офшор компанија на друга за 1 долар.

Еден од нив е познатиот мајстор на виолончело Сергеј Ролдугин. Со рускиот претседател се познаваат од детството и е кум на Марија, ќерка на Путин. Според документите Ролдугин заработил стотици милиони долари од сомнителни трансакции.

Во „Документите на Панама“ фигурираат и над 150 бугарски државјани.

Во истрагата се вклучени повеќе од 370 новинари од 109 медиуми во 76 земји во светот. Скоро една година тие биле нурнати во импресивен обем на податоци - 2,6 терабајти кои содржат близу 11,5 милиони документи поврзани со 214 488 фирми на клиенти од 202 земји, регистрирани во неколку офшорки во текот на речиси 40 години - помеѓу 1977 и декември 2015 година

„Масивниот одлив на податоци e најголемиот и најпознат досега“, вели германскиот новинар Бастиан Обермаиер од „Зидојче цајтунг“.

„Ако започнете да читате сега, ќе ви требаат барем 26 години“, додава во огромниот обем на информации еден од уредниците на проектот Мар Кабрал.

„Повеќето од услугите на компаниите кои нудат офшор регистрација, се легитимни, ако се во согласност со законот. Документите покажуваат дека банки, правни фирми и други офшор играчи често не ги почитувале законските барања, за да бидат сигурни дека нивните клиенти не учествувале во криминални потфати, избегнување или политичка корупција“, велат новинари од екипата на ICIJ.

Во податоците има информации за банки кои биле двигатели за создавање на тешки за следење компании на Британските виржински Острови Панама или други финансиски рајски предели.

Новинарите откриле речиси 15 600 фирми, создадени од банки за нивни клиенти кои сакаат имотот им да бидат чуван во тајност.

Меѓу нив е и таткото на премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон Иан Камерон, кој почина во 2010 година .

Според документите тој помогнал во создавањето на фондот „Blairmore Holdings Inc“. во Панама, кој се рекламира во промотивен материјал, дека „не е одговорен за оданочување на своите приходи или капитални добивки“.

Во рекламите се тврди уште дека фондот на Камерон „нема да биде предмет на корпоративен данок или данок на добивката во Британија“.

Треба ли Македонците со оф шор сметки да стравуваат?

Ако меѓу нив има политичари да. Ако се само бизнисмени, ќе бидат изложени на детална проверка на движењата на капиталот. Ако пак се и политичари, отиде политичката кариера.

Гувернерот на НБРМ Богов пред три години рече дека нема да биде изненаден ако аферата со откривањето на даночните тајни на Кипар се откријат и Македонци

„Иако македонските граѓани и фирми согласно законот за девизно работење немаат право да имаат банкарски сметки во странство, вклучително и на британските Девствени острови, сепак можно е да има прекршители на законот“, изјави Богов.

Сепак, сега законот е сменет. Македонците можат да имаат сметки. Се разбира, не ретроактивно.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар