15 Декември, 2025
0.1069

ДОЛАРОТ Е НА НАЈНИСКО НИВО ОД СЕПТЕМВРИ: Американската валута послаба и од еврото и од јуанот

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2023 11:03

Добивај вести на Viber

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна на најниско ниво од почетокот на септември.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 103,65 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 103,80 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна за 0,4 отсто, на 149,10 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,2 отсто, на 1,0925 долари, највисоко ниво за повеќе од два месеци.

Добро расположение на светските берзи

На берзите владее добро расположение бидејќи инвеститорите сметаат дека поради намалувањето на инфлаторните притисоци заврши циклусот на покачување на каматите во западните земји.

Олеснувањето на инфлацијата во САД ја поддржува тезата дека американската централна банка нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика, дека циклусот на затегнување на монетарната политика е завршен.

Дополнително, низа неодамнешни податоци покажуваат дека економијата продолжува да расте, односно и покрај наглото зголемување на каматните стапки во последната година и пол, таа избегна рецесија.

Ова е добра вест за азиските компании бидејќи САД се нивниот најголем извозен пазар. Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки.

На пазарот на пари, се проценува дека има околу 30 отсто шанси првото намалување на каматните стапки на ФЕД да дојде веќе во март следната година. Проценките покажуваат и дека до крајот на следната година ФЕД би можел да ги намали каматните стапки за цел процентен поен.

ФОТО: Unsplash

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети