Доларот и залихите на САД и понатаму ја „убиваат“ цената на нафтата
Објавено во: Економија 24 Март, 2016 12:12
Растот на неделните залихи на нафта во САД се одрази на денешното загушено тргување и мешовити цени на „црното злато“ на пазарите во светот.
Цените на сировата нафта паднаа синоќа, откако САД соопштија дека нивните залихи пораснале за 9,36 милиони барели минатата недела на 532,5 милиони барели, што е значајно над пазарните очекувања, извести Франс прес.
Американската „лесна“ нафта WTI за мајските испораки ослабнала денес за 13 центи на 39,66 долари за барел, додека нафтата од типот „брент“ исто така за мајски испораки, благо пораснала за два центи на 40,49 долари.
„Ваквиот огромен раст на залихите навистина упатува на заклучокот дека, иако имавме „одредено олабавување на притисокот на цените, состојбата со вкупната понуда и понатаму е неурамнотежена“, изјавил пазарниот стратег на компанијата ЦМЦ маркетс со седиште во Сиднеј, Мајкл Мекарти.
„Тоа се големи бројки, и пазарот не може да ја игнорира оваа работа“, додал тој.
Цените на нафтата веќе долго се под притисок бидејќи побарувачката во државите водечки потрошувачи на енергија, како Кина, не „одржала чекор“ со производството, што за последица имало огромен вишок на понуда на светските пазари.
Јакнењето на американскиот долар извршило додатен притисок на цените, откако еден претставник на Федералните резерви изјавил вчера дека САД би можеле да ја подигнат каматната стапка веќе следниот месец.
Растот на вредноста на американската валута ја погодува побарувачката за сирова нафта изразена во долари, бидејќи таа станува скапа за купувачите од земјите чии парични единици се послаби.
„Очекувавме дека јакнењето на доларот ќе продолжи и тоа навистина се случува“, рекол Мекарти за Франс прес.
„WTI“ нафтата минатата недела пораснала над 40 долари за барел прв пат од декември лани, поттикната од остриот пад на вредноста на доларот.
На минатонеделниот раст на цената допринел и обновениот оптимизам меѓу трговците дека произведувачите на „црно злато“, вклучувајќи ги и членките на ОПЕК , ќе постигнат договор за замрзнување на производството на состанокот во Доха на 17 април.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




