Доларот во подем, а еврото потона
Објавено во: Економија 22 Јули, 2020
Eврото падна на најниско ниво за година и пол.
Од друга страна доларот е во подем.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на оваа валута во однос на останатите шест во овие околности зајакна за 0,2 отсто достигнувајќи 95,292 бодови, но се задржа до неодамна најниското ниво за временски интервал од четири месеци.
Влијанието на еврото на меѓународните пазари за валути ослабна и се соочи со најголем пад за 18 месеци.
Доларот има зајакнување затоа што инвеститорите не сакаа да преземат ризик по најновите ескалации на напнатоста во односите меѓу Кина и САД.
За време на синоќешното тргување еврото се продаваше за 1,1547 долари, откако челниците на земјите членки на Европската унија постигнаа договор за неопходниот пакет помош за поттикнување и опоравување на економијата погодена од корона кризата.
Утрово се зголеми напнатоста во американско – кинеските односи, а неговото влијание се намали на 1,1521 долари.
Договорот за планот за поттикнување за Европската унија е „најважниот момент од создавањето на еврото“, вели францускиот претседател Емануел Макрон.
Договорот за дистрибуција на 750 милијарди евра е резултат на „тригодишна работа на Франција и Германија“, изјави синоќа на приватниот телевизиски канал TF1.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.