19 Декември, 2025
0.0389

ДОЛГОГОДИШНА ПЛОДНА КАРИЕРА - Светозар Јаневски ќе раководи со „Тиквеш“ се до изборот на нов директор

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2023 10:21

Добивај вести на Viber

Како логично завршување на една плодна и успешна кариера, Светозар Јаневски, кој всушност е и доминантен сопственик, во идниот период ќе ја раководи и менаџира винарската визба „Тиквеш“. 

Практично, Јаневски ќе ја застапува „Тиквеш“ во односите со трети лица, а тоа ќе се случува се до изборот на нов генерален директор на компанијата.

Оваа одлука ја донел Управниот одбор на винарската визба, а за тоа ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза. 

Инаку, ова следува откако директорската позиција во винарската визба „Тиквеш“ ја напушти Радош Вукиќевиќ, за што веќе извести Фактор.

„Ве известуваме за следниве измени во органите на управување. Врз основа на член 68 од Статутот на Акционерското друштво за производство и промет на вино Винарска визба Тиквеш експорт-иморт АД Кавадарци и член 375 од Законот за трговски друштва, Управниот одбор на друштвото на 8 јуни донесе одлука за застапување на друштвото.

По дадено мислење согласност и одобрение на Надзорниот Одбор, се овластува членот и претседателот на Управниот Одбор Светозар Јаневски, во односите со трети лица, да го застапува  и претставува Акционерското друштво за производство и промет на вино Винарска визба Тиквеш експорт-иморт АД Кавадарци.

Овластениот член на Управниот Одбор за застапување на друштвото го застапува друштвото како овластено лице се до изборот на Генерален директор на АД Винарска визба Тиквеш Кавадарци“, се вели во објавата која ја испрати компанијата до Македонската берза. 

Инаку, како што пишувавме пред околу една недела, по долги години успешно менаџирање со компанијата и плодни резултати во работењето, Радош Вукиќевиќ ја напушти директорката позиција во винаријата Тиквеш.

За ова компанијата ја извести инвеститорксата јавност преку Македонската берза. 

„Се констатира престанок на функцијата и се отповикува членот на Управниот одбор на ВВ Тиквеш Кавадарци, Радош Вукиќевиќ. Се констатира престанок на функцијата и се отповикува Генералниот директор на ВВ Тиквеш Кавадарци, Радош Вукиќевиќ. Се дава одобрение Управниот одбор на Акционерското друштво за производство и промет на вино, Винарска визба Тиквеш експорт импорт-Каварадци, да може да го овласти членот и претседателот на УО, Светозар Јаневски да го застапува друштвото без ограничувања како овластено лице заклучно до назначување на Генерален директор на друштвото. Се овластува Претседателот на УО на АД Винарска визба Тиквеш, односно лице овластено од него да ги преземе сите дејствија за поднесување пријава за упис на оваа одлука во Централниот регистар на РМ. Одлуката влегува во сила од денот на донесувањето - информираа од компанијата.

Инаку, согласно последната состојба објавена во Централниот депозитар за хартии од вредност, доминантен сопственик на винарската визба „Тиквеш“ е токму компанијата на Светозар Јаневски - М6 Светлана и останати, која поседува 80,08 проценти од капиталот на компанијата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии