10 Декември, 2025
0.0886

Долгот е како рак, не боли додека расте

Објавено во: Економија, Колумни 05 Септември, 2016 08:11

Добивај вести на Viber

Нетранспарентноста на буџетската потрошувачка не е случајна, зад неа се кријат силни интереси. Крајната цел е да се остварат лични богатства на поединци од власта и да се задоволат желбите на коалиционите партнери, кои исто така во најголем дел се лични. Се разбира, на сметка на идните генерации. Нетранспарентноста дозволува системот на пљачкосување на граѓанството немилосрдно да продолжи и кога нему му е најтешко. Толку го имаат разработено тој систем што веќе не се ни срамат што  гладта за туѓи средства имаат намера да ја задоволат и преку „грижата“ за обештетување на поплавените. Со запрепастувачка леснотија побараа нов ребаланс на буџетот во кој ќе ја сместат вредноста на нов кредит од 36 милиони евра  и покрај неодамнешната емисија на обврзница од 450 милиони евра. Со тоа само уште еднаш се потврди она што на сите им е познато веќе  неколку години. Оваа власт опстојува единствено преку ѕидање на долговите. И тоа, што повеќе позајмени пари , толку помала транспарентност во нивнот трошење. Во исто време, да не заборавиме дека со невидена леснотија власта ги отфрли предлозите на опозицијата,  средствата за санација на штетите да се обезбедат со преструктурирање на  непродуктивната буџетска потрошувачка. Ни најдобронамерните критики, и од дома и од странски институции, не беа доволни власта да се откаже од владеењето со помош на што повеќе позајмени пари, кои ќе ги враќаат идните генерации. На власта  не и’ значи ништо тоа што тие ќе мораат да создаваат повеќе, а да примаат помалку за да се сервисираат обврските врз чија основа власта денеска владее  комотно, да не речеме, неодговорно, корумпирајќи ги гласачите и не обѕирајќи се на обврската, како добри раководители, со позајмените пари да создаваат капацитети кои ќе генерираат доход од кој тие ќе можат да се враќаат. Не се ни обидоа да го прекинат неповолниот тренд во порастот на јавниот долг, туку продолжија по линијата на најмал отпор, да се обезбеди ново задолжување. Безочно ги бранеа сите буџетски ставки кои објективно можат да се одложат за подобри времиња. Главна грижа им е, во предизборниот период, да не загрозат некој интерес на таргетираните групи. А тоа што ја загрозуваат иднината на сите, не е важно. Приоритет им е моменталниот интерес за одржување на власт.  Дефинитивно се покажа дека другата страна на „успесите“ на власта е брзото ѕидање на долговите на државата што води во неизбежна криза која може да се запре само со нивно симнување. Грижата за враќање на долговите ја сведоа на позајмување на нови долгови коишто ќе ги враќаат други. Затоа секој кредит го претставуваа како успех на власта. Не сфатија, да не речеме, не сакаа да сфатат  дека долгот е како ракот во организмот. Подмолен е. Воопшто не боли додека расте. Додека е  можно да се зголемува долгот, задоволни  се и власта и корисниците. Но, кога ќе достигне определено ниво (во однос на можностите за нивно сервисирање) изнудува строги мерки за штедење на сите корисници на буџетски средства и распродажба на јавни средства и имоти.   Тоа долгорочно ги сиромаши и буџетските корисници и државата. Негибнати остануваат само властодржците, бидејќи од раскалашеното трошење, веројатно, добро се офајдиле. Во така изградениот однос кон долгот,  власта не ја поколебуваат ниту податоците за   значително побрзиот  пораст  на долгот од растот на БДП што води кон должничко ропство. Отплатата на каматите и главниците во последните три години го надминува растот на БДП. Ланскиот БДП порасна за 3,7%, а износот на ануитетските исплати (камта плус главница) претставуваше 6,23% од БДП. Ануитетската отплата, пак, лани достигна износ од 19,31% од буџетската потрошувачка.  Со овие податоци се виде дека не беше случајна  трката за емитирање на  еврообврзници од половина милијарда евра, од 270 милиони и од 450 милиони евра. Станува очигледно дека без нив, уште лани, не ќе можеа да се задоволат дел од предвидените буџетски потреби. Од презентираните податоци и состојби се гледа дека  се исцрпуваат можностите за натамошно одржување на „коалицијата“ од интерес  за брз  пораст на јавниот долг меѓу власта и буџетските корисници. Преку него досега се излажираа неколку изборни циклуси. За жал враќањето на долговите неможе да се лажира. Лесно е да се одржува авторитарен режим во земји каде има нафта и рудни богатства. Властодршците се „фатираат“ од богатството кое извира од земјата , а за тоа нема потреба да испорачува сметка никому, затоа што нема позајмувања од надвор. Во случајот, режимот опстојува со „благо“ за кое се задолжува во странство, а од таму не проштеваат. Парите мора да се вратат. И тие мора да се вратат како што е договорено. А, бидејќи се работи за нерационално употребени, да не речеме злоупотребени долгови, нивното подмирување ќе биде многу болно. Народот ќе мора да ги враќа од парите кои и тоа како му фалат. Д-р Крсте Шајноски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Руски министер открива правило кое ѝ помогнало на Москва да издржи повеќе од 30.000 санкции

Руски министер открива правило кое ѝ помогнало на Москва да издржи повеќе од 30.000 санкции

Пратениците го изгласаа Буџетот за 2026 година, колкави приходи и расходи се планирани?

Пратениците го изгласаа Буџетот за 2026 година, колкави приходи и расходи се планирани?

Цената на среброто е на историски максимум, поскапува и платината

Цената на среброто е на историски максимум, поскапува и платината

СИЛНА ДИНАМИКА ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА АВТОПАТОСКОТО РЕШЕНИЕ НА КОРИДОРОТ 8: Николоски со видео го објави напредокот на изградбата

СИЛНА ДИНАМИКА ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА АВТОПАТОСКОТО РЕШЕНИЕ НА КОРИДОРОТ 8: Николоски со видео го објави напредокот на изградбата

ЕУ се согласи за нов пакет санкции против Русија: 40 танкери и десетина поединци на листата

ЕУ се согласи за нов пакет санкции против Русија: 40 танкери и десетина поединци на листата

Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

УЈП СЛЕДНАТА ГОДИНА ЈА СТАРТУВА ТЕСТ ФАЗАТА НА Е - ФАКТУРА: ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури

УЈП СЛЕДНАТА ГОДИНА ЈА СТАРТУВА ТЕСТ ФАЗАТА НА Е - ФАКТУРА: ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури

BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?

BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?

Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?

Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?