29 Септември, 2024
0.0311

ДОЛЖНИ КАКО МАКЕДОНИЈА: Дали ја имаме вистинската слика?

Објавено во: Анализа 31 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Задолжувањето од половина милијарда евра, пари кои Владата ги обезбеди преку издавање на Еврообврзница а за финансирање на буџетските трошења, ги набилдаа државните резерви но и Јавниот долг. Нивото од 3,3 милијарди евра, долгови кон домашни и странски кредитори, е највисоко што е измерено во послендите 12 години. Од Владата има информација дека дел од парите од Еврообврзницата ќе се трошат и за враќање на некои поскапи кредити, но колку тоа ќе ја промени сегашната должничка позиција на земјата, допрва ќе се анализира. Како се задолжуваше Македонија низ годините ... По 12 години Јавниот долг на Македонија надмина  40% од Бруто Домашниот производ. Според податоците од Министерството за финансии, заклучно со јули, нивото на долгот на Централната Влада изнесува точно 40,8% од БДП или во апсолутни бројки, нешто повеќе од 3,3 милијади евра. Растот на долгот е резултат на најновото задолжување на Владата од половина милијарда евра преку неодамна издадената Еврообврзница. Ако се анализира структурата на Јавниот долг, според податоците на ресорното министерство, Владата кон странство должи две милијарди евра, ниво кое од 2001 та година е историски највисоко. Кон домашните кредитори државата должи 1,2 милијарди евра, при што во однос на јуни, и овие задолжувања се зголемиле за скоро 6 милиони евра. Еве како се движеше нивото на Јавниот долг како процент од БДП во изминатите години: 2014 та ( јули )                 40,8% 2013 та                             35,9% 2012 та                              34,1% 2011 та                              28,0% 2010 та                               24,2% 2009 та                              23,8% 2008 ма                              20,6% 2007 ма                              24,0% 2006 та                               32,0% 2005 та                               38,4% 2004 та                               35,6% Со исклучок на тешките и кризни 2001 ва и 2002 година, кога долгот достигна 48,8 % од БДП, состојбата со задолжувањето заклучно со јули  се смета за рекорднo највисокo досега. Според информации од владата, дел од парите од новото задолжување од половина милијарда евра ќе се искористат за покривање, односно раздолжување на некои од кредитите што сега се плаќаат со повисока камата од онаа за Еврообврзницата. По задолжувањето со кинескиот кредит од скоро 600 милиони евра, кои не влегоа во пресметката за Јавниот долг, но зад нив како гаранција за редовна исплата застана државата, дел од експертската јавност оцени дека должничката позицијата на Македонија може да биде загрозена. Дополнително, економистите оценуваат дека и сегашната состојба со Јавниот долг не ја отсликува состојба со вкупните долгови зошто од пресметката се иземени јавните и државните претпријатија и општините, кои исто така преку кредити реализираат голем дел од прокетите на локално ниво.  Според екс-гувернерот и еден од поранешните министри за финансии, Петар Гошев, следната година, односно 2015 та може да се смета за една од поиздашните, зошто токму догодина ќе треба да се обезбедат околу 800 милиони евра само за отплата на долгови.
“Сметам дека догодина ќе се задолжуваме и од странство и дома. Само во 2015 та година треба да вратиме близу 800 милиони евра, или 450 милиони евра ќе бидат  доспеани долгови кон домашните и странските кредитори и уште 300 милиони евра, буџетски дефицит. “ – смета Гошев.
Дали Уставните измени ќе бидата спас од должничкиот амбис? Задолжувањата на државата и планот за нивна навремена отплата беше и во фокусот на последната мисија на ММФ во Македонија. Шефицата на ММФ за Македонија, Ивана Владкова Холар порача дека Среднорочната фискална стратегија што ја изготви Владата треба да биде придружена со Стратегија за управување со долгот.
“Особено стратегијата за управување со долг треба, како и во минатото, да биде насочена кон балансирање на трошоците и ризикот поврзан со избраната структура на долг, но исто така и да обезбеди конзистеност со монетарната и фискалната политика“ – изјави на последната постета на Македонија,  шефицата на ММФ Холар.
Колку точно изнесува долгот на Македонија, по ова прашање ММФ и Македонија имаат раслична пресметка. Во последната оценка на фондот беше посочено дека  вкупниот Јавен долг на Македонија изнесува 44,8% од БДП, но во ова мерење не е вклучено новото задолжување од 500 милиони евра по основ на Еврообврзница. Како гаранција дека Владата, без разлика која и да е, нема да ја однесе земјата кон должнички амбис, актуелната гарнитура предложи уставни измени со кои се ограничува нивото на Јавниот долг на 60% од БДП.
“Во насока на создавање на силна финансиска дисциплина нашиот предлог е нормирање на дефицитот на буџетот во висина најмногу до 3% од БДП, а јавниот долг да се лимитира на ниво од најмногу 60% од БДП. Ова ќе преставува нов квалитет, и силна гаранција, дефинирана со Устав, за оваа или било која идна Влада, домаќински да се однесува со буџетот, и дефицитот, како и јавниот долг да биде на стабилно и одржливо ниво. Ова е согласно заложбите за креирање на економски напредок и функционирање на економски стабилен систем. На патот кон Европската Унија“ - изјави неодамна премиерот Никола Груевски.
Според експертите, решението за домаќинско трошење на народните пари не треба да се бара во уставот туку во законски измени и формирање на Фискален совет.
“Фискалниот совет како тело веќе постои во некои земји од опкружувањето. Тој постои во Србија, функционираше и во Унгарија но таму постепено, со намалување на финасиите за негово одржување, тој се укина. Станува збор за институт во кој би членувале независни експерти од областа на јавните финансии. Тие би биле со неприкосновен кредибилитет, без политичка обоеност. Ова тело би било задолжено да го анализира предложениот Буџет а со тоа и прокециите на власта за задолжувањата.“ – изјави неодамна Марјан Николов од Центарот за економски анализи.
А.Д.