25 Ноември, 2024
0.0269

Должничката криза ќе биде каписла за реформа на меѓународната финансиска архитектура

Објавено во: Колумни 14 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Се поинтензивно, како во академските така и во деловните кругови, се апострофираат разорните компоненти на без сомнеж глобално распространетите финансиски потреси од актуелната финансиска криза на ликвидност. Несоодветната, спората и недоволна реакција на мултилатералните финансиски институции (во случаите на Грција, Исланд, Португалија, Шпанија итн,) како и консеквентно завидниот губиток од еконосми раст и развој  во светската економија, недвосмислено укажуваат на  сериозни слабости на меѓународниот финансиски систем. Уште повеќе што силината и запрепастувачката способност на ширење на се почестите регионални и глобални  финансиски кризи, неминовно предизвикуваат страв од појава на некоја нова, и по размерите и по траењето поголема должничка криза, од оваа денес. Во стручната литература се имаат појавено голем број написи за изворите и анатомијата на финансиската криза на ликвидност. Всушност, дури и од најгрубиот пресек јасно е видлива  поврзаноста и суплементарноста на различните објаснувања за причинско-последичната хеуристика на различните консеквенции од финансиската криза. Овој каузалитет недвосмислено го зголемува впечатокот на актуелност за  “жешка” дебата на оваа тема. Тргнувајќи оттука, воопшто не се побива фактот дека сите кризи во крајна инстанца резултираат со акутна презадолженост на погодените национални економии и со драстичен пад на кредитниот рејтинг на овие земји. Имено “извозот” на финансиската паника и домино ефектот на рецесионите поместувања во мулти-регионални размери како нус-производ на должничката криза, само го акцелираат незадоволството на должничко-доверителските односи како сегмент во глобалната економија. Всушност, добар дел од националните економии како субјекти во светската економија од една страна доверителите, од друга големите должници и со кризата веќе екстремно погодени држави,  сами се одзваа со барање (и предлози) за реформирање на  меѓународната финансиска архитектура. Досегашните  дискурси околу потребата за реформа на постојната или нова меѓународна финансиска архитектура се простираат по должината во глобала на следниве колосеци: сметководствени стандарди и транспарентност за степенот на задолженост , ефективна финансиска регулација и надзор, прудентно управување со капиталниот дел на билансот на плаќање, режимите на девизниот курс, меѓународно институционално  набљудување на националните макроекономски политики, обезбедување на нови квантитативни, а особено квалитативни извори на меѓународна ликвидност, систематско и процедурално соочување со проблемите на сервисирање на  надворешниот долг. Во суштина, сите изнесени реформистички платформи се во насока на смалување и поголема контрола на меѓународниот кредитен ризик. Сепак нашиот став е дека најмногу вниманието треба да се концентрира и ефектуира околу сегментите кои  непосредно се во врска со проблематиката на управување со надворешниот долг. За жал, тука  лесно  се евидентни и колосеците на кои се направени најмалку реформи и практични поместувања. Меѓутоа,  покрај институционалните празнини и функционалната противречност, истовремено и непомирливиот антагонизам на политекономските интереси на меѓународната (финансиска) заедница, остануваат  главен ограничувачки фактор за поодлучни и поефективни реформи за напредок на ова поле. Секако, политичките несогласувања не се концентрираат само на меѓународната должничко-доверителска оска, бидејќи поголеми разлики очигледно постојат и помеѓу членовите на Г-7, во поглед на природата и правецот на неопходните реформи. Исто така тука го истакнуваме и нашиот став за  поведри гледишта по ова прашање врз основа на: актуелната должничка криза и она што денес се случува во светската економија. Имено, за да не се одржува денес овој хаос во должничко доверителските односи и да не се случува во иднина, неминовно неопходни се вистински реформи во меѓународниот финансиски систем исклучиво во насока на поефективно управување и сервисирање на надворешниот долг. М-р Влатко Пачешкоски -  Економски факултет - Штип

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.