19 Декември, 2025
0.0722

ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО: Порастот на долгот станува алармантен!

Објавено во: Економија 10 Јули, 2016 10:21

Добивај вести на Viber

Само за три месеци, или на квартално ниво, надворешната задолженост на земјата се зголеми за 353 милиони евра. Заклучно со март, годинава Бруто надворешниот долг изнесува 6,7 милијарди евра. Земањето на еврообврзницата од 650 милиони евра само ќе ја продлабочи должничката криза. Заклучно со првиот квартал од 2016 година, Бруто надворешниот долг на Македонија изнесувал 6 707 400 000 евра. Според Народната банка, надворешната задолженост е во пораст и достигна 70,1% од Бруто домашниот производ. Само за три месеци, или во споредба со последниот квартал од 2015 година, задолженоста кон странство се зголемила 353 700 000 евра. Според податоците од Министерството за финансии, заклучно со првиот квартал од 2016 година, вкупниот Јавен долг изнесува 4,33 милијарди евра или 45% од БДП. Со издавањето на обврзницата јавниот долг ќе порасне на 54 отсто и опасно се приближува кон границата што беше поставена од самата Влада 60 отсто од БДП. За шест години, или од 2010 година до сега Јавниот долг се зголеми за 1,9 милијарди евра. Според овој критериум, Македонија е сеуште во групата на умерено задолжени земји, додека според надворешната задолженост економијата веќе е рангирана во високо задолжени. Во Македонија не е проблем толку висината на јавниот долг туку начинот на кој се трошат парите од задолжувањата. Експерите сметаат дека тие се трошат за непродуктивни расходи, во пензии, плати и слично наместо за капитални инвестиции кои ќе донесат развој. Еврообврзницата ќе се издаде со рок на отплата од 10 години, но останува неизвесно која ќе биде цената на ова задолжување. Политичкиот ризик е зголемен, состојбите се променети и секако дека инвеститорите ќе го пресметаат тој ризик. Неблагодарно е да се прогнозира, но ако се направи споредба со каматата на претходната Еврообврзница и на новонастанатата состојба на внатрешнополитички план, каматата би се движела меѓу 5 и 6 отсто, смета екс гувернерот Гошев. „Во секој случај Владата преку ова задолжување обезбеди пари за да купи уште едни избори, односно ќе може да продолжи со политичка корупција обезбедувајќи си власт најмалку до средината на следната година“, вели Гошев.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар