19 Декември, 2025
0.0356

ДОМ:Во кругот на ОХИС има опасни хемикалии, Владата да преземе мерки

Објавено во: Економија 25 Март, 2016 12:49

Добивај вести на Viber

Партијата ДОМ предупредува дека ОХИС во моментов е активирана бомба, која може да експлодира и да предизвика еколошка катастрофа, која ќе го погоди не само главниот град, туку и целата Вардарска долина. Оваа опасност постои поради стотина тони опасни хемикалии кои се високо токсични, запаливи и експлозивни, складирани во дворот на старата фабрика. Од пред една недела генералниот директор и управниот одбор поднесоа оставка, а уште не се именувани нови членови, што значи дека ОХИС е обезглавен, без носители на одговорност за управување со него и без контрола на службите за обезбедување и противпожарна заштита. „Затоа ДОМ бара Државниот инспекторат за животна средина да изврши итен увид на состојбата и да ги задолжи државните институции да постапат со соодветни мерки и активности за намалување на опасноста од хаварија. Апелираме Владата на Република Македонија итно да направи прераспределба на буџетски средства од непродуктивни трошоци кон решавање на една од жешките еколошки точки, но и кон решавање на егзистенцијалните проблеми на вработените од ОХИС“ – рече портпаролот Тони Ристов. Во кругот на ОХИС, покрај веќе познатиот пестицид линдан, се складирани и други опасни хемикалии, како 35 тони акрилонитрил мономер, кој може да го уништи целокупниот животински и растителен свет по течението на Вардар, 20 тони активни супстанци за производство на пестициди, кои се многу токсични ако истечат во почвата, 2,5 тони хлор во контејнери со дотраен материјал, па при негово истекување може да предизвика сериозни проблеми по здравјето на луѓето.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар