23 Јуни, 2024
0.0332

ДОМ ЗА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ: Ќе можат да аплицираат на јавен оглас за распределба на станови во социјалната зграда во Гостивар

Објавено во: Македонија 03 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Вкупно 70 семејства од социјално ранливите категории граѓани ќе можат да аплицираат на јавен оглас за распределба на станови во социјалната зграда во Гостивар. Министерството за транспорт и врски ќе го распише утре и ќе трае до 4 април. На ваков начин ќе се обезбеди дом за деца над 18 години без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, лица со попреченост, самохрани родители со малолетни деца и припадници на ромската заедница кои се социјално загрозени. 

Според министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, направија обиколка на дел од становите, само жители на општина Гостивар кои ги исполнуваат критериумите ќе може да аплицираат на овој оглас.

Би сакал да ве уверам дека сите апликации ќе бидат земени предвид, а становите ќе се распределуваат во транспарентна постапка. Исто така, веќе се подготвува јавен повик за распределба на станови во уште три социјални згради во Пробиштип, Свети Николе и Виница – рече Бочварски.

Директорот на АДИССДП, Кристијан Трајковски, посочи дека социјалната зградата во Гостивар има 70 стана, а вредноста на градбата изнесува 79 милиони денaри.

Во изминативе два дена имавме интезивни преговори со Банката за развој при Советот на Европа со којашто преговараме за отпочнување нов проект. Очекувам дека од следната година ќе го објавиме, а за разлика од претходните предвидува проширување на категориите граѓани кои ќе можат да аплицираат за социјален стан – рече Трајковски.


Можеби ќе ве интересира

Вереникот Ристе потресен од смртта на младата Мартина: Грчки душман и го одзеде животот!

Вереникот Ристе потресен од смртта на младата Мартина: Грчки душман и го одзеде животот!

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

„Парада на гордоста“ се одржа без инциденти

„Парада на гордоста“ се одржа без инциденти

САД: Изјавата на Мицкоски е во склад со Договорото од Преспа

САД: Изјавата на Мицкоски е во склад со Договорото од Преспа

Меџити: Прв вицепремиер не постои како функција во Законот, но ја има во владината регулатива

Меџити: Прв вицепремиер не постои како функција во Законот, но ја има во владината регулатива

На млад скопјанец му се слошило и починал пред домашните

На млад скопјанец му се слошило и починал пред домашните

„Сириза“ го повика Мицотакис да преземе мерки против Мицкоски: Побарајте санкции од САД!

„Сириза“ го повика Мицотакис да преземе мерки против Мицкоски: Побарајте санкции од САД!

Општина Сарај доби в.д. градоначалник

Општина Сарај доби в.д. градоначалник

Адвокатот на кратовчанката која ги уби сопругот и свекорот: Класичен пример на жртва на повеќегодишно насилство

Адвокатот на кратовчанката која ги уби сопругот и свекорот: Класичен пример на жртва на повеќегодишно насилство